Познатата актерка во опуштено летно издание
Кејт Холмс изгледа убаво и на црвениот килим кога носи фустани од Зак Посен, но и во своите лежерни дневни комбинации со кои се шета низ градските улици. Тоа го покажа и со нејзиното последно издание кога докажа дека една на прв поглед потполно обична комбинација може да поприми потполно различен изглед со повеќесезонскиот хит – белите патики.
Имено, актерката носеше обична бела маица со прерамики во комбинација со црно здолниште покриено со бели цвеќиња, а целото издание го заокружи со големи предимензионирани очила за сонце, чанта во бела боја од „Prada“ и популарните бели патики „Superstar“ од „Adidas“.
Белите патики во последните неколку сезони се маст-хев за секој женски плакар, а познатите ИТ дами покрај стандардните комбинации (со фармерки и маици) се почесто ги носат и во женствените модни изданија со фустани и здолништа, па дури и со деловни панталони и сакоа.
Врати се на почетокот на овој текст, отвори ја галеријата и погледни ги најдобрите бели патики за оваа сезона >>