Познатиот холивудски пар изгледаше среќно и вљубено додека се шетаа низ Венеција
Џорџ Клуни заедно со својата сопруга Амал беше на романтично патување во Венеција, а убавата адвокатка за човекови права и овој пат ги воодушеви обожавателите со своите модни изданија.
Имено, Амал Клуни (41) изгледаше фантастично во фустанот на едно раме и со голем црн шешир на главата. Покрај неа чекореше 17-години постариот Клуни во бели панталони и темна поло маица.
Познатиот пар и овој пат ги воодушеви своите обожаватели со фотографиите што се појавија во медиумите од нивниот заеднички одмор во Венеција, впрочем како и пред три години кога во овој романтичен град го кажаа своето судбоносно „ДА“ и запловија во својот брачен живот.
Големо БРАВО за ова издание на Амал