Едни велат дека е евтин и кич, а Агнеса Органџиева со овој детаљ ги ПРИВЛЕКУВА сите погледи и ни одржа лекција по стил
Таа очигледно вежба во теретана, па во последно време воодушевува и со својата тенка половина.
Познатата скопска инфлуенсерка Агнеса Органџиева со своето последно издание многумина остави без зборови.
Шармантната русокоса на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во фустан со животински дезен и никого не остави рамнодушен.
Фустанот ја следи линијата на нејзиното тело, а отвореното деколте ги истакна нејзините облини.
Агнеса и овој пат ги освои сите со своето феноменално модно издание, а главна ѕвезда во истотот дефинитивно беше фустанот со впечатлив животински дезен.
Треба да истакнеме дека ваквиот фустан понекогаш знае да биде и неблагодарен и на граница на добриот вкус, но на Агнеса изгледа како полн погодок.
Таа целото издание го заокружи со шик сандали со високи потпетици и златен часовник. Со останатите детали не претеруваше, а и немаше потреба бидејќи самата креација беше совршена сама по себе, па секој дополнителен детаљ би можел да изгледа претерано и невкусно.
Инаку, ваквите неодоливи дезени веќе одамна се вселени во многу женски плакари и веќе претставуваат класика, но со нив треба да се биде посебно внимателен за да не се погреши.
Во прашање е дезен кој знае да изгледа луксузно и сјајно да се однесува кога ќе ја погодите комбинацијата, но може да не одведе и во потполно непосакуван насока доколку погрешиме, па да изгледа кич и евтино.
Но Агнеса со ова издание ни покажа како треба да се носи овој неодолив дезен и како да заблескаме со него.
Со помош на црниот ремен таа дополнително ја нагласи тенката половина, а го комбинираше со светкави сандали со штикли.
Бонус галерија
Како ова лето да носите животински дезен
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Наши предлози за вашите плакари
Brandon Maxwell
Nasty Gal
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara