За мајчинството велат дека е работа која нема работно време.
Сепак, една просечна мама работи 98 часа неделно, што е повеќе од полно работно време на две работни места. Овие податоци се од едно научно истражување според кое на една мајка денот и започнува во 6:23 и завршува во 20:31 кога станува збор за еден обичен ден.
Ова би значело дека мајките секојдневно работат повеќе од 14 часа на ден, односно цели две смени.
Некои мајки, особено оние што дојат деца, „работат” и ноќна смена, бидејќи никој не може да ги замени.
„Ова истражување докажа колку е тешка работата на секоја мајка”, вели авторот на истражувањето Кејси Луис.
Повеќе од 2.000 мајки учествуваа во нејзиното истражување. Во истражувањето беше вклучена и листа од десет работи кои секојдневно ги спасуваат мајките и им помагаат многу во нивното мајчинство. На листата ќе сретнете влажни марамчиња, таблети, цртани филмови, а исто така и помошта што ја добиваат од дадилки, баби и дедовци.
Еве ја целата листа со 10 работи кои го прават секојдневниот живот на една мајка да и биде полесен.
1. Влажни марамчиња
2. Детски програми и емисии
3. Таблет
4. Храа за надвор.
5. Удобни панталони
6. Попладневен одмор
7. Кафе
8. Баба и дедо и дадилки
9. Претходно зготвена и замрзната храна
10. Блендер.