Една од најубавите и најпознатите наши фолкерки славеше роденден – погледнете со која колешка лудуваше цела вечер (фото)
Убавата фолкерка славеше роденден во убаво женско друштво.
Стојне Николова важи за една најубавите фолкерки на македонската естрада која без сомнеж каде и да се појави ги „краде“ сите погледи.
Згодната струмичанка не откри колку години полни, но затоа на Инстаграм сподели дел од атмосферата на која се славеше нејзиниот роденден, а друштво и правеше уште една нејзина колешка.
Убавата Сани и Стојне весело танцуваа, а во еден момент Стојне се качи на стол и почна да меша.
Двете заедно пееја и се снимаа, а мажите се препотуваа гледајќи ги двете фолкерки за кои е тешко да се одлучи која е поубава и позгодна.
Сани облечена во црна комбинација, со длабоко деколте, а Стојне во кратка розева маичка и панталони со ист дезен кои совршено ја истакнуваат нејзината фигура.
Стојне важи за вистинско освежување на македонската фолк-сцена, па иако за кратко време таа стана еден од најдобрите вокали, но и една од најбараните пејачки во земјава.
Сепак не само заради вокалните квалитети, туку и заради телесните атрибути кои никого не оставаат рамнодушен таа е често во центар на внимание.
Таа настапува од својата 15 годишна возраст, а веќе следната година, кога наполнила 16, ја снимила и првата своја авторска песна. Освен што е и повеќе од талентирана и на нејзините настапи се прават најдобрите забави, публиката сепак е и многу заинтересирана за нејзиниот приватен живот.
Се разбира дека така убава и згодна девојка ќе биде поврзувана со различни мажи, но таа сè уште јавно нема обелоденето врска со некој.
Што се однесува до мажачката, Стојне неодамна во едно интервју истакна дека верува во вистинската љубов, но, како што пренесе Вечер, таа се уште не го сретнала вистинскиот маж во својот живот.
Никогаш јавно не зборува за својот приватен живот и го крие како змија нозете.
Џебната Венера или како што многумина ја нарекуваат „македонската Сандра Африка“ е една од најзгодните жени на македонската музичка сцена, која може да се пофали со најсекси нозе на естрадата, а и самата вели дека преферира да носи куси здолниште, а во прилог погледнете како изгледа: