Една од најубавите жени на Балканот ужива со холивудскиот актер во костим за капење (фото)
Нина ја откри формулата за својот совршен одмор
Нина пред бракот со холивудскиот актер беше во врска со популарниот италијански музичар Ерос Рамацоти.
Познатата српска манекенка и актерка Нина Сеничар која живее во Лос Анџелес, моментално ужива на една егзотична дестинација.
Таа на социјалните мрежи објави неколку фотографии и покажа како се забавува, но ја откри и нејзината формула за совршен одмор.
Фото: Инстаграм/ Нина Сеничар
„Мојата формула за совршен одмор: без шминка + без чевли + книги + карти + спиење + храна“, порача оваа прекрасна дама во описот на галеријата со фотографиите што ги објави на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Нина Сеничар
Нина е во брак со американскиот актер Џејмс Елис (Џеј Елис) кој имаше забележителна улога во филмот „Топ Ган: Маверик“.
Фото: Инстаграм/ Нина Сеничар
Тие се запознале во 2015 година во бар во Лос Анџелес, а по четири години врска познатиот актер ја запроси Нина.
Фото: Инстаграм/ Нина Сеничар
Парот се венчаше предминатото лето во Тоскана.
Фото: Инстаграм/ Нина Сеничар
Убавата манекенка пред да ја започне врската со холивудскиот актер беше во љубов со познатиот музичар од Италија, Ерос Рамацоти, со кого се запозна додека живееше и студираше во Италија.
Фото: Инстаграм/ Нина Сеничар
Нина се има појавено и ви неколку холивудски филмови, како и во бројни италијански филмови и телевизиски проекти.