Реклама
Вирално

Една од најмладите жртви – фудбалски тренер ја изгуби битката од коронавурусот. Имаше само 21 година

Реклама

Во Малага од вирусот корона животот го изгуби 21 годишниот фудбалски тренер Франсиско Фран Гарсија,

Тажната вест дојде по кратко време откако неговиот клуб соопшти дека состојбата му се подобрила.

Маркетинг

Гарсија беше тренер на младата екипа на Атлетико Портада Алта, кога заради ковид-19 беше испратен на испитување. А во болницата, не само што беше откриено дека телото му е нападнато од споменатиот корона вирус, туку у дека има леукемија. Оваа комбинација за него беше кобна.

„Нашиот Гарсија немаше претстава дека е болен од агресивна болест која го направи мошне ранлив на корона вирусот. Тоа е откриено дури откако во петокот беше примен во локалната болница заради тешкотии во дишењето. Пред еден час соопштивме дека е во стабилна состојба, но сега нé известија за тажната вест“, пренесе „Дејли мирор“ зборовите ба претседателот на фудбалскиот клуб „Атлетико Портада Алта“.

Маркетинг

Гарсија стана најмладата жртва од овој вирус во Шпанија, петта во Малага, но и една од најмладите во оваа пандемија.

Шпанија со 7844 заболени е петта на листата со земји со најголем број заразени, (по Кина, Италија, Иран и Јужна Кореја). Досега животот го изгубиле 292 лица.

Не ризикувајте го својот живот, но и животот на другите

Техничкиот премиер Оливер Спасовски уште еднаш ги повика граѓаните, особено младите, да ги почитуваат целосно мерките за заштита од корона вирусот бидејќи во спротивно ги ризикуваат своите, но и животите на нивните семејства. Тој во неговото последно он-лајн интервју ги повика оние кои се уште однесуваат лагодно, и не го почитуваат своето семејство и го изложуваат на ризик, да се приклучат на мерките.

– Сите треба да ги почитуваме мерките на епидемилозите, бидејќи само така можеме да се заштитиме, да останеме здрави, да се справиме со состојбата и да не дојде до ширење на вирусот. Јавната свест е на ниско ниво и затоа мерките се зајакнати, целосно се затворени кафаните, рестораните, моловите, кладилниците за да влијаеме на граѓаните да го сменат своето однесување, истакна Спасовски и како пример ги наведе собирање на младите на Водно.

Вели дека полицијата превентивно реагира, но не може секаде да стигне и затоа апелира да се пријави секое поголемо собирање луѓе и јавно да им се укаже дека со тоа го ризикуваат својот и животите на другите. Со таквото однесување, нагласи, се намалува и ефикасноста на мерките.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button