Една од нашите најубави фолк-пејачки направи џумбуш – паричките летаат, нашинците воодушевени
Погледнете како пеат и се забавуваат нашите иселеници во Словенија - на настанот се собра речиси целата наша дијаспора од ова место
Нашата позната фолк-пејачка, Стојне Николова, за Стара нова година имаше настап за кој се уште се зборува.
Шармантната пејачка настап во Нова Горица, во Словенија, а од видеото што го објави можеме да видиме дел од атмосферата.
Гостите распеани и фатени за оро, а Стојне облечена во црно мало фустанче и со црни ракавици ги забавува до бесвест.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, С.Н.
Од она што може да се види на социјалните мрежи ова беше забава за паметење на која нашинците од оваа земја си поминаа прекрасно.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, С.Н.
И Стојне беше весела во текот на целата вечер, но кога се фати за микрофонот и запеа македонски песни настана хаос.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, С.Н.
Од видеото може да се види и како гостите пеат заедно со пејачката, но и како оние што ги погодила песната ја наградуваат со бакшиш.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, С.Н.
Како изгледаше оваа забава на која се собраа нашите иселеници од ова место, погледнете во видеото што следува…