Една од нашите најубави дами рипна во тавче – испливаа првите фотографии од тајната венчавка (фото)
Познатата водителка не ја тргаше насмевката од лицето

Го изговори своето судбоносно „да“ на тајна венчавка
Нашата позната водителка Ведрана Ѓорѓевиќ пред неколку недели се омажи за својот партнер, познатиот ди-џеј Ендру Мелер.
Ведрана и Ендру чие вистинско име е Андрија Антиќ организираа венчавка на 22 септември и тоа само за најблиските.
Ендру ја запроси убавата водителка во февруари оваа година и тоа на една од најубавите плажи на Занзибар, а водителката со фотографиите од запросувањето ги изненади сите.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Впрочем така беше и сега кога неколку недели по венчавката „ипсливаа“ првите фотографии од нивната венчавка.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Од фотографиите може да видиме дека Ведрана блескаше во бела венчаница со должина до подот и долги ракави.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Таа на главата носеше вел со должина до подот, а тенкиот ремен на половината дополнително го истакна нејзиното згодно тело.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Ендру пак носеше бели панталони и ленена кошула во светла беж нијанса, а целиот „look“ го заокружи со бели патики.
На венчавката во црнката и манастирот беа само најблиските, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Невестата направи и една фотографија со волшебна глетка кон преубавиот пејзаж, а на лицето носеше црни очила за сонце.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Потсетуваме, Ведрана својата кариера ја започна како манекенка, но оваа дама со интересно име и денес, со своето тело од 183 сантиметри и шарм од милион долари никого не остава рамнодушен.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Таа и нејзиниот партнер неколку дена по венчавката заминаа на меден месец во Ибица, од каде и ги сподели овие фотографии.
Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Тоа впрочем најдобро може да се забележи од нејзините фотографии што редовно ги објавува на социјалните мрежи, а под кои секогаш добива бројни комплименти на сметка на својот изглед.