Една од нашите најпознати фолкерки ги спакува куферите и замина од Македонија во една од најбогатите земји на целиот свет!
Македонската фолк-пејачка си ги спакува куферите, па замина од Македонија.
Сања Цинцева или во јавноста позната како Сања Барби е една од ретките која може да се пофали и со стас и со глас.
Пејачката започна да се занимава со пеење уште многу млада, а сега ужива во својата популарност, како во Македонија и Балканот, така и во дијаспората.
Кога Барби ќе се стегне, намести и почне да менува пози пред фотообјективот, на мажите им застанува здивот.
Бyјните oбл ини и витката става ја прават комплетната целосната слика на една пејачка од светки ранг.
Барби е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од себе во провокативни пози, но и од својата пасија – патувања.
Природата на нејзината професија е таква што пејачите мораат често да патуваат, па Сања секогаш го спојува убавото и корисното.
Иако сме навикнати да ја гледаме во провокстивни изданија, сепак мора да се признае дека и закопчана до грло изгледа одлично.
Инаку, нашата Барбика во едно свое интервју за интервју за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, максимално „се отвори“, па призна дека меѓу добро ситуиран постар маж и помладо момче, би го избрала она – второто.
Причината за тоа, Барби вели дека е тоа што помладите се во подобра кондиција за „оние работи“!
Што се однесува до парите, таа изјави дека самата ќе си ги заработи, на своите настапи. За тоа има и глас и става.
Позната е како некој без влакна на јазикот, па често искрено и директно го кажува своето мислење.
Особено актуелна во јавноста беше нејзината објава за колегите, зад која се крена огромна прашина.
Имено, пејачката изреволтирана испрати порака до некои свои колешките, за кои слушнала дека ја споменувале во лош контекст, па им се обрати:
„Ми кажаа дека некои анонимуси ‘певалки’ кои пеат за 2000 денари, го валкале моето име наоколу. Па ај реков да им одговорам вака јавно. Ве разбирам, а во исто време Ве жалам, паднавте толку ниско што за да дојдете до малку публицитет и да привлечите внимание го валкате моето име и мојот углед! Вие сте далееееку позади мене, немате ни една Ваша хит песна, ниту 1 денар вложен во Вашата маалска кариера. Од тука го разбирам Вашиот гнев, љубомора, затоа што мојата кариера е богата со неколку хитови, меѓународни настапи и договори со странски продукциски куќи, нови и тренд спотови… Ви ветувам дека повеќе нема ни да Ви посветувам внимание затоа што не вреди на Вас да трошам време“.
Продолжете да пеете за 2000 денари и тапкајте во место без никаков успех. Ако Ви треба стручен совет побарајте ме, ќе Ви помогнам барем 10% да Ви вреди Вашиот настап во однос на мојот. Со овие Ваши постапки само се потврдува дека сте за жалење и дека сте ОЧАЈ!!! Ми е жал што ја понижувате нашата професија, ние сме вложиле многу финансии во нашите кариери, за разлика од Вас“, напиша Сања на Фејсбук.
Периодов кога сите заминуваат на топли места, на плажа и море, Сања сепак се одлучи за постудена варијанта.
Пејачката ги спакува куферите и замина во Швајцарија.
На нејзиниот Фејсбук веќе има фотографија како најава за нејзиниот настап во оваа земја, па сигурни сме дека публиката ја очекува одлична забава.
Пејачката одлучи и да се пофали и со фотографии од посетата на Швајцарија.
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева
Фото: Фејсбук / Сања Цинцева