Реклама
Наши ѕвезди

Едната ќерка на Гоце Арнаудов ја знаеме сите, но еве како изгледаат и СОПРУГАТА и останатите наследници на легендарниот пејач

Реклама

Нема веселба во Македонија на која нема да се засвири или запее песна од македонската легенда Гоце Арнаудов.

Деновиве Македонија е зафатена од „фудбалска треска“, па Македонската репрезентација е рој еден тема во земјава, а еден нивни гест ги израдува, но и ги расплака Македонците.

Маркетинг

Имено за време на појадокот во хотел во Букурешт од звучникот на Елиф Елмас ечеше „ќе пијам ќе лумпувам“ од Гоце Арнаудов.

Поради ковид 19 тие беа сместени во хотел од кој не смееја да излезат, но сепак знаат како да се забавуваат.

За да им биде полесно, очигледно се погрижил Елмас, кој со џиновскиот звучник е главен за добра атмосфера.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Овој нивни гест посебно ја погоди ќерката на Арнаудов, Харита Арнаудова која за „Фокус“ раскажа дека се расплакала кога го видела видеото.

Таа вели дека доколку Гоце бил жив ќе бил неверојатно среќен кога би слушнам дела неговите песни одекнуваат срде Букурешт и тоа пред историскиот настап на Македонија на ЕП.

ФОТО: Харита Арнаудова /Инстаграм
ФОТО: Харита Арнаудова /Инстаграм
ФОТО: Харита Арнаудова /Инстаграм

Харита вели дека нејзиниот татко имал посебна врска со Горан Пандев и доколу би бил жив тој сигурно до сега би бил заминат и од трибините би ги бодрел нашите играчи.

ФОТО: Харита Арнаудова /Инстаграм

„Горан Пандев, или како што ние си го нарекуваме, Гочето и татко ми имаа посебна врска. Многу се почитуваа и сакаа. Горан е наша гордост и ни е како дел од семејството. Татко ми го сакаше како син. Се радуваше на неговите успеси, на раѓањето на неговите деца, затоа што не го дочека раѓањето на нашите …“ рече Харита за Фокус.

Гоце Арнаудов е пејач кој со својата музика ќе остане запаметен, а со неговите песни се раѓале, женеле и славеле многу генерации.

Освен одличен во својата професија, тој беше и сопруг на Силвија, а татко на Харита, синот Оскар и познатата македонска пејачка Кристина Арнаудова.

ФОТО: Харита Арнаудова /Инстаграм
ФОТО: Харита Арнаудова /Инстаграм

Кристина го наследи неговиот талент за музика и е единствената од децата која ги следи неговите стапки.

Фото: Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button