Реклама
Наши ѕвезди

Единствената невозвратена љубов на Карлеуша – таа беше луда по ПОЗНАТИОТ пејач, а тој НЕ сакаше ни да слушне за неа

Реклама

Пејачката Јелена Карлеуша призна дека како девојка била лудо вљубена во еден свој колега

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Познатата пејачка Јелена Карлеуша денес е среќно мажена со фудбалерот Душко Тошиќ со кога има две ќерки.

Но балканската дива во една пригода призна дека во младоста била лудо вљубена во еден свој колега.

Маркетинг

Тој беше голема музичка ѕвезда кога таа ја започнуваше својата кариера, но не сакаше да биде со неа.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Таа за него тогаш беше се уште млада и тој заради тоа не беше заинтересиран за неа, па ја разочара Карлеуша.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Секоја љубов ми беше возвратена, се до Шашиќ, кој беше многу постар од мене, и секако, дете не го интересираше. Е тогаш го доживеав моето прво љубовно разочарување, но и усвоив поука – за љубовта треба да се бориш“, раскажа во една пригода познатата пејачка.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм (Фото.носталгија)

„Тој тогаш беше една голема фаца, имаше долги локни. Сите девојки, посебно оние од Земун, се ложеа на Жељко Шашиќ, па така и јас“.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Се сеќавам, беше во Будва на плажа со 50 свои обожавателки и не сакаше да ми каже ни ‘Здраво’. Јас му се приближив и застанав пред крпата на која што лежеше, криејќи му го сонцето, и му кажав:

Фото: Принтскрин

„Јас ќе бидам поголема ѕвезда од тебе“, раскажа Јелена во една емисија пред десетина години.

Инаку, Јелена на почетокот од кариерата зборуваше искрено и за својата прва љубов во животот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Таа тогаш имаше 19 години и еве што изјави во една емисија:

„На мене првата љубов ми се случи кога имав 16 години и ете, трае се до сега. Тоа е моето сегашно момче. Инаку, тој е моето прво моме. Се вика Немања. Тој е спортист и е моја голема поддршка во животот“ изјави тогаш Јелена.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Јас се надевам дека долги години ќе бидеме заедно, како што сме веќе неколку години. Тој е човек кој многу ми помага и ми дава сатисфакција да продолжам да се занимавам со ова што го правам. Многу го сакам“.

„Се надевам дека ќе се омажам за него и ќе му родам пет деца“, изјави тогаш популарната поп пејачка.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Но за жал оваа љубов не траеше долго време.

Погледнете како изгледаше таа тогаш:

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button