Една од најубавите холивудски двојки, Блејк Лавли и Рајан Рејнолдс, наскоро ќе го прошират своето семејство.
Имено, познатиот пар се појави на премиерата на новиот филм на Рајан „Pokémon Detective Pikachu” во Њујорк, каде Блејк првпат го покажа својот труднички стомак.
Во жолт летен фустан, со кадрава коса и голема насмевка, убавата актерка буквално го украде целото внимание на црвениот килим заедно со сопругот кој исто така не ја тргаше насмевката од своето лице.
Инаку, Блејк и Рајан веќе имаат две деца, а во интервју за женскиот магазин Марија Клер 2014 Блејк се пошегува дека би сакала да има триесет деца па поприлично сме сигурни дека ова нема да биде нејзината последна бременост.
Се надеваме дека славната двојка наскоро ќе го открие и полот на бебето и кога треба да го очекуваме породувањето, но голема е веројатноста дека сè ќе се случи во тајност, бидејќи овие брачни другари сакаат својот приватен живот да го држат подалеку од јавноста.