Еден од најдобрите пејачи од Македонија испадна од „Ѕвездите на Гранд“ – неговиот ментор разочаран
Ѓорѓе Давид се огласи откако Омар испадна од шоуто
Познатиот рокер ова многу го погоди
Познато е дека Ѓорѓе Давид е посветен на своите кандидати во „Ѕвездите на Гранд“ и дека многу време поминува вежбајќи со нив.
Но во последната сезона еден од неговите омилени кандидати не успеа да помине, па Ѓорѓе реши да се огласи.
Имено, пејачот од Македонија, Омер Џаферовски, и покрај својот добар настап за нијанса беше послаб од противникот со кого настапуваше во дуелот, а Саша Поповиќ на крај во баражот со помош на ждрепка одлучи кој да помине, а кој да испадне, и Омар имаше помалку среќа.
Инстаграм
По ова Ѓорѓе се огласи на Инстаграм и објавувајќи фотографија од Омар го напиша и следниов коментар:
„Тешко ќе го проживеам што го изгубив Омар во натпреварот. Мислев дека тој е мојот сигурен финалист! Момче, продолжи, ти си одличен пеач“, напиша популарниот рокер на својот Инстаграм.
Инстаграм
Потсетуваме, во последната емисија од Македонија се пласираше и 24-годишната Андријана Петрушовска, која и покрај тоа што беше феноменална на грандиозната сцена, доби помалку гласови, па исто како Џаферовски заврши во баражот .
Инстаграм
Но Андријана на крај успеа да се пласира во четвртфиналето, а покрај нејзиниот глас таа импресионираше и со својот стил.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, пејачката на сцената најпрво е појави во раскошна црвена креација во која блескаше, па во еден момент ја соблече истата и настапот го продолжи облечена во кожни парчиња од глава до пети во кои изгледаше како светските ѕвезди.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Андријана во ова издание ја испеа „Ако згрешам нека изгорам“ од Пепи Бафтировски во акапела варијанта, а како изгледше и звучеше, погледнете во продолжение…