Еве што ја испровоцира актерката Лидија Вукичевиќ за реагира за однесувањето на Анабела кон ќерката Луна во „Задруга“
Актерката Лидија Вукичевиќ редовно го следи реалното шоу и не крие дека е шокирана од однесувањето на семејството Џогани, а најмногу е разочарана од Анабела Атијас.
„Од се нешто може да се научи, па и од „Задруга“. Имам доволно слободно време и интересно ми е да ги гледам. Сметам дека Анабела не требаше да влезе во реалното шоу, зошто се покажа како лоша мајка! Жал ми е за Луна“, истакна актерката.
Анабела претјодно изнесе дека нејзината ќерка Луна добила алопеција поради таткото Гаги и стрикото Џоле, а не поради неа, на што Лидија остро реагираше и го осуди изнесувањето на „валканата облека“ пред милиони како погрешно.
„Тие работи не се изнесуваат јавно. Тоа ми е ужасно! Мислев дека целта на влегувањето на Анабела во „Задруга“ е да ја спречи Луна да има интимни односи пред камерите. Кога рече дека влегла во реалното шоу да се испере себеси, се шокирав! Каква мајка е тоа!? На Луна не ѝ се потребни ниту татко, ниту мајка, доволно маки ѝ задале во животот. Сметам дека мајката ја одредува судбината на детето. Семејстовото пропаѓа кога ќе ослабне мајката, а не таткото“, рече актерката и додаде:
„Оној момент кога мајката ќе потклекне, децата страдаат. Анабела во неколку наврати го праша Гаги: „Каде беше кога на децата требаше да им се плати школувањето, кога требаше да се оперираат…“ Јас никогаш не сум го праша за такви работи поранешниот сопруг! Сѐ си презедов на себе оној момент кога се разведов. Не му зборував: „Земи ги синовите, морам на престава“. Ги водев со мене! Некогаш беа зад сцена, некогаш во гардеробата, некогаш во публика, но секогаш беа покрај мене“, рече Лидија.
Инаку актерката Лидија Вукичевиќ од бракот со поранешниот фудбалер Митар Мркела, кој за жал не траеше долго, доби два сина, Андреја и Давид.
Тие беа во брак од 1991 до 2000 година, а нивната мајка не крие дека е многу горда на своите наследници кои пораснаа во вистински мажи.
Нејзиниот помлад син е пилот и наскоро треба да започне да работи во „Ер Србија“, додека нејзиниот постар син е успешен спортски менаџер.
Тие се успешни и добри момчиња, изјави Лидија за српските медуми.
„Не се разгалени, останаа нормални. Мојата работа и кариера не влијаеше на нив. Тие се надвор од таквите проблеми дека нивната мајка и татко им се познати“, додаде таа за гореспоменатиот портал.