Еве што се случуваше зад сцената: Цеца и Марија испратија порака до КАРЛЕУША, пејачката се изненади кога го виде ова

Еве што се случуваше зад сцената

Фото: Принтскрин

Новата сезона од Ѕвездите на Гранд веќе започна.

Шоуто уште со првата епизода ги руши рекордите по гледаност, а сега Марија Шерифовиќ направи и влог посветен на емисијата.

Имено, Шерифовиќ ја покажа атмосферата во студиото за време на снимањето, но и какви се односите меѓу претставниците на жирито.

Фото: Принтскрин

Имено таа ја покажа атмосферата од бекстејџот и дружењето со екипата, а го прокоментира и доаѓањето на Цеца.

„Еве дури добивме и нови Мадони… Карлеуша, пристигнаа нови Мадони, додека ти беше тука не ни купија нови Мадони“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Дали ова заради Цеца купивте нови мадони или?“ праша Марија алудирајќи на микрофоните, па му се обрати на Ѓорѓе Давид „Ѓорѓе, дали гледаш дека Виолета премина на нашата маса?“

Фото: Принтскрин

„Тоа значи дека ќе имаме повеќе колачиња, бидејќи таа не сака да ги јаде, туку јас и ти, ќе имаме зголемување на храната“, се надоврза Ѓорѓе.

„А воопшто да не и даваме да јаде, ни вода да не пие?“ го праша Марија во шега својот колега, по што се гласи и Вики Миљковиќ нагласувајќи да не се секираат бидејќи нема да премине во нивниот табор.

„Фала му на Господ што не преминуваш“, и порача Марија.

Погледнете каква беше атмосферата во бекстејџот.

 

Само да потсетиме, Цеца како нов член во жирито дојде на место на Карлеуша, а познато е дека тие две се во вечна војна.

Фото: Принтскрин

Од тогаш фановите не престануваат да се занимаваат со Цеца, посебно кога во последната емисија се појави во црвено од глава до пети. Имено, таа на снимањето на втората епизода од популарното музичко шоу дојде облечена во кожа, а многумина ја споредија со едно слично издание на Јелена Карлеуша, кога и таа носеше црвен фустан во шоуто.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Како што може да се прочита во медиумите, Цеца наводно се согласила да седне во столчето на жирито за 200.000 евра по сезона.

Меѓутоа, бидејќи со доаѓањето на Цеца се очекува да скокне гледаноста, таа потпиша поразличен договор од другите членови на жирито, и доколку продукцијата го надмине очекуваното, во тој случај сумата што ќе ја добие ќе биде повисока за дури 30 проценти.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

-Цеца потпиша договор што беше направен многу прецизно, така што не може да биде нејасна ниту една мала работа.

„Поповиќ ги понуди најдобрите услови за таа да го прифати ангажманот, а знаеше дека тоа нема да биде мала сума“ вели изворот за медиумите, а потоа откри детали од нивната средба:

-Цеца отсекогаш верувала во Саша дека е човек од збор, што и е исклучително важно во бизнисот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Исто така, договорот е таа да се претстави во ново светло, па Цеца очигледно сериозно си ја сфатила работата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
(Visited 2.339 times, 1 visits today)