Еве што прави ќерката на Наум Петрески додека неговата сопруга ги забавува гостите со најубавите песни
Цело семејство ја негува македонската музика
Мајката пее на сцената, ќерката ја снима
На настапот на познатата македонска пејачка Зуица Лазова беше и нејзината ќерка Македонка Петревска.
И додека таа пееше на сцената, нејзината ќерка Македонка ја снимаше и потоа видеото го објави на социјалните мрежи.
Инаку, Зуица во изминатиот период настапуваше заедно со караванот „Македонијо во срце те носиме“ во организација на Скендеровски про кои вчера, на 12 октомври, одржаа концерт во Скопје. По концертите во Штип, Битола, Прилеп, Кочани, Тетово и Кавадарци, најубавите македонски песни вчера се слушаа и во главниот град.
Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска
Концертот во Скопје се одржа пред салата Расадник во општина Кисела Вода, а покрај Зуица во овој проект учествува и Наум Петрески.
Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска
Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска
И додека Зуица ја испеа „Земјо мила“ како дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“, нејзиниот сопруг маестрално ја преработи легендарната македонска песна „Болен ми лежи Миле Поп-Јорданов“.
Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска
Потсетуваме, познатиот естраден пар Зуица Лазова и Наум Петрески покрај ќерката Македонка, го имаат и синот Стефан.
Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска
Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска
И додека Стефан се уште е млад и оваа година тргна средно, неговата сестра веќе чекори по стапките на нивните родители.
Имено, Македонка или Дона како што ја викаат најблиските, се определи за оперско пеење и студира на Музичката академија во Скопје.
Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска
Таа го наследила својот моќен глас од родителите, но и убавите црти од мама која е горда на својата наследничка.
Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска
Наум има и две ќерки од претходниот брак, Анастасија и Сања.
И додека Анастасија е позната пејачка и е во брак со пејачот Владимир Поповски, Сања поретко се појавува во медиумите.
Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска
Но неодамна токму Сања беше во центарот на вниманието – таа го изговори своето судбоносно „да“ и зачекори во брачните води, а како изгледаше семејството на нејзината свадба (повеќе за ова тука), и пред се гордиот татко додека ја носеше кон олтарот и ја предаваше на зетот, погледнете во продолжение…