Еве што му одговори претставникот на нашето стручно жири на еден од најпознати композитори во Македонија –

Македонскиот композитор Григор Копров преку социјалните мрежи се извини од Србите бидејќи нашите претставници на стручното жири не дадоа ниту еден поен за нивната претставничка Невена Божовиќ.

Имено, откако стручното жири на Србија на Тамара Тодевска и даде максимални 12 поени, а нашите претставници решија да не дадат ниту еден поен за Србија, реакцијата на социјалните мрежи не стивнува.

ADVERTISEMENT

Па така откако бројни ѕвезди од соседна Србија отворено го изразија своето разочарување, се јави и македонскиот композитор Григор Копров со следниот коментар.

„Лично, чувствувам потреба да им се извинам на колегите и на братска Србија затоа што во 2007 година на изборот во Хелсинки кога имав песна со Каролина Гочева, композицијата ‘Мојот свет’, во нашата делегација немаше режисер, а требаше. Сите проби од визуелен аспект беа катастрофални затоа што никој од нас присутните не знаевме стручно да кажеме што не е добро. Да напоменам дека во полуфиналето имаше 27 држави и тоа беше во историјата на Евровизија најтешко полуфинале затоа што 17 држави отпаѓаа.

Да кажам дека македонската и српската делегација беа во ист хотел и за голема среќа, во нивната делегација беше и режисерот Дарко Камарит, кој е мој личен пријател.

Бидејќи пробите беа при крај, незадоволството беше големо затоа што визуелниот ТВ-настап на Каролина беше катастрофален и очигледно дека со таков настап нема финале. Јас во таа ситуација бев во очај. Го повикав на кафе Дарко Камарит и му се обратив со овие зборови: ‘Дарко, од ова што го барам од тебе апсолутно не зависи нашето пријателство. Имено, нашиот режисер, за мене од непознати причини, не допатува и нашиот настап е лош. Те молам, ако е некако можно да дојдеш и да помогнеш да се реши визуелно она што ние не знаеме објективно да им појасниме на луѓето во режија. Имам предвид дека ти не си овде приватно и дека претставуваш друга земја, така што од оваа твоја одлука не зависи нашето пријателство. Дарко, без никакво двоумење, рече: ‘Да’, дојде и им објасни во режија што треба да се коригира. Имавме фантастичен настап и влеговме во финале.

Ја користам пригодата уште еднаш јавно да му се заблагодарам, како нему лично така и на српската делегација. Прашање до сите што ќе го прочитаат ова: Како ќе постапевме ние во обратна ситуација? Жири-комисија на ваква голема меѓународна манифестација се составува од најеминентните автори, како што впрочем го прават сите други држави, а не анонимуси, како што беше во нашиот случај“, напиша композиторот на својот Фејсбук профил.

По ова се јави и еден од претставниците на македонското жири, кој го напиша следниот коментар под постот на Копров.

,,Колку е жално кога ќе си плукнеме на своето и не си цениме . А да ве прашам чичко Копров кога ви беа плаќани песните по 2000 евра од мене или спонзорите додека пеев тогаш ми викаше Пиле мое па ти си прекрасен ќе бидеш најдобар, а сега кога не е некој на естрадата присутен станува одма анонимус. Постари сте имам почит ,но нека не ве правaт среќни само парите кога ќе ги видете , него и секој збор изговорен да ви биде од срце а не само кога е во прашање пари и тогаш да сте слаткоречлив со Пиле Пиле – дете мое . Жалосно е што сме лицемерни и без љубов.”

Покрај Роберт Вукелиќ, кој покрај овој коментар и одржа лекција и на Марија Шерифовиќ зошто Србија не добила ниту еден поен од нашата земја, во ова „фамозно“ жири кое разочара многумина се и Сузана Стефановска (претседателка на жирито), Фјола Исмаили, ди-џеј Тина и Ристо Апостолов. Нивните имиња по завршувањето на финалето беа објавени на официјалната страница на Евровизија.

 

Facebook Comments
(Visited 395 times, 1 visits today)