Еве што мораше да направи Босанката откако нејзиното момче објави порнографски материјали со неа на Интернет

Босанката што го пријави бизнисменот Сабахудин Блажевиќ со кого порано била во љубовна врска, дека неовластено ја снимал и експлицитните снимки со неа ги поставил на една порнографска интернет страница, привремено се отселила од Бихач, пренесе Дневни аваз дознавајќи од извор близок до таа девојка.

Таа била принудена да го направи тоа поради огромниот притисок на кој била изложена во градот на Уна, а кои станале неподносливи откако некои босански портали го објавија целосно нејзиниот идентитет.

ADVERTISEMENT

„Притисокот беше голем, особено откако некои медиуми го објавија нејзиното име и презиме, а некои и фотографии, па не и преостана ништо друго освен да го напушти својот роден град“, вели изворот за Дневни аваз.

Според него, ваквите притисоци и стигматизација на личноста во општеството што со себе го носи откривањето на имињата во вакви чувствителни случи, се препознава класичен начин да се обиде оштетената личност да се откаже од кривичното гонење на оние што и нанеле штета.

Според пишувањето на овој медиуми, девојката откако нејзиното име се појавило во јавноста, ги тргнала сите профили на социјалните мрежи на кои многумина навалиле по објавувањето на нејзиното име.

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, јавноста е поделена со овој случај, кој одекна во целиот регион. Едни му аплаудираат на Блажевиќ, другите се на страна на оштетената девојка, а има и такви што ги обвинуваат и двајцата за ситуацијата во која се најде поранешниот пар.

Законот е јасен

Но законот во вакви случаи е јасен. Неовластено снимање и дистрибуција на тој начин на снимката е кривично дело.
.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed