Мишел тогаш покажа дека не го познава протоколот
Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама, прв пат се сретна со британската кралица Елизабета во 2009 година и тогаш сосема случајно го прекрши кралскиот протокол, ставајќи ја раката на неа.
Британските медиуми веднаш ја распнаа бидејќи ваквиот допир по телото се смета за едно на најголемите табуа поврзани со британската монархија.
Мишел овој пат за овој настан зборуваше јавно и тоа во арената „O2“ во Лондон, пред публика од 15000 луѓе.
Таа целата ситуација ја поднесе дамски бидејќи таму беше за да ја промовира својата автобиографија. „Жал ми е, момци“, се пошегува поранешната прва дама на своја сметка објаснувајќи дека поради овој настан подоцна научила да ги држи рацете скриени или зад грбот.
„Тоа беше апсолутно исправна работа, бидејќи беше човечки гест“, се извини таа пред публиката.
Кралицата за време на фотографирањето се доближи до Мишел и таа ја стави својата рака на нејзиниот грб, а тоа го направи и Мишел. Таа порано отворено зборуваше дека кралскиот протокол е „ѓубре“ и дека единствените луѓе што го почитуваат сериозно се само нивните лични слуги.