Еве што вели Гиговска за непријатниот настан што и се случи во „Пинкови ѕвездички“
Скопјанката Антониа Гиговска го имаше највпечатливиот настап во „Пинкови ѕвездички All stars 2019“ и тоа не само заради својот моќен вокал, туку и заради непријатниот момент што и се случи на сцената.
Имено, таа во еден момент падна врз една од танчарките, но веднаш стана и продолжи како да ништо да не се случило, а и танчерката делуваше крајно професионално.
Антониа беше пофалена од жирито, а во интервју за Блиц откри дека без разлика на резултатот во шоуто, планира да продолжи сериозно да се занимава и да ја гради својата кариера како пејачка. Во врска со непријатниот настан за кој Гоца Тржан ја пофали дека реагирала како Бијонсе, бидејќи и на познатата дива и се има случено да падне на сцената, Гиговска изјави дека во еден момент заборавила потполно на танчерките, па се сопнала од едната од нив.
„Паднав затоа што сред настап тргнав да се движам наназад, а заборавив дека околу мене се танчарките. Среќа што паднав врз една од нив и не се повредив. Благодарна сум и на танчарката која беше прибрана и се однесуваше како ништо да не се случило“, вели таа за Блиц.рс.