Ќерката на познатиот пејач Милан Топаловиќ Топалко не ретко го привлекува вниманието на јавноста како со својата убавина, така и со својот турбулентен романтичен живот кој најчесто е исполнет со познати мажи.
И додека според едни таа изгледа беспрекорно, други и замерија дека премногу ги „пренапумпала“ усните. Но таа и покај критиките за нејзиниот „неприроден“ физички изглед, не може да дигне глава од додворувачи, а од нејзиниот романтичен живот можеме да заклучиме дека е слаба на пејачи. Па така своевремено беше во врска со ѕвездите од Гранд продукција, Јоца Стефановиќ и Слоба Васиќ, а медиумите не ретко ја доведуваа во врска и со други познати фраери.
Но, Хелена овој пат реши сама да открие со кој спие. И додека многумина очекуваа некој згоден и познат фраер во нејзиниот кревет, со ќерката на Топалко заврши нејзиното симпатично домашно милениче и никој друг.
Таа е мошне популарна на Инстаграм, а според фотографиите можеме да видиме дека знае како да ужива во животот.
Живее на висока нога и посетува луксузни дестинации, престојува во скапи хотели и често е гостинка во скапи ресторани. Но досега нема објавена фотографија од нејзината посилна половина, а бидејќи во последно време ги избегнува медиумите, не е позната каков е нејзиниот емотивен статус. Работи како менаџерка во еден познат белградски сплав, а како изгледа сега погледнете во продолжение.
Хелена неодамна објави фотографија од својот 18 роденден, а многумина тогаш забележаа дека нејзините нос и усни не се исти. Но и дека природно била уште поубава и дека не требало да прави никакви корекции.