Еве со кого Јордан Митев јаде радовишки самун, ќе се изненадите – на вечера со уште една легенда
Јордан Митев овој викенд настапи во своето родно село, а веќе следниот ќе пее во Австралија
Познатиот пејач овој викенд имаше настап во своето родно село
Познатиот фолк-пејач Јордан Митев наскоро ќе замине на едномесечна турнеја во Австралија, а овој викенд имаше настап во Подареш.
Легендарниот пејач настапи заедно со своите колеги Круме Спасовски и Марјан Коцев и на гостите им приредија забава за паметење.
Публиката го пречека со многу емоции и заедно со него ги пееше неговите хитови, а Јордан објави неколку фотки од настанот.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Станува збор за меѓународен фолклорен фестивал кој оваа година се одржа по четврти пат, а е организиран од група млади ентузијасти од неговото родно место кои сакаат да го промовираат македонскиот фолклор. И како што самиот откри преку социјалните мрежи, тие ја имаат целосно неговата поддршка и тој ќе придонесе колку што може овој фестивал да прерасне во голем настан.
Инаку, пејачот само еден ден претходно објави и една фотографија направена во Радовиш, а на која е уште една македонска легенда.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Станува збор за познатиот македонски комичар Ранко Рангелов со кого Јордан беше во еден радовишки локал.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
„На радовишки самун со легендарниот Ранко Рангелов“, напиша Јордан под нивната заедничка фотографија на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Инаку, Јордан наскоро заминува на турнеја во Австралија каде во следните неколку недели ќе одржи неколку концерти.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
И како што може да се види од неговите објави на социјалните мрежи, влезниците за некои од овие настапи се веќе распродадени.
Првиот концерт е закажан за овој викенд, во Сиднеј, додека последниот е на 18 ноември во Перт.
Повеќе за ова прочитајте тука…