Откако стана мама нејзиниот живот се промени 100 %
Пејачката Александра Пријовиќ навистина има филмски живот. По несреќното детство бидејќи нејзините родители биле разведени, таа благодарение на емисијата „Гранд ѕвезди“ се прослави, а минатата година и се омажи за Филип Живојиновиќ, синот на Лепа Брена.
Тие на почетокот од оваа година се остварија и во улога на родители, кога пресреќната мама го роди малиот Александар.
Пријовиќ од тогаш ужива во мајчинството и во секој момент поминат со бебенцето, а неодамна откри и дека постојано му купува подароци иако е свесна дека сé уште е мал, и не може да им се радува. Сепак, како што вели таа, најубаво и е кога парите ќе ги троши за него.
„Одвај чекам уште малку да порасне, бидејќи навистина се уште е многу мал. Има одвај седум и пол месеци. Баш вчера му купив автомобилче, иако се уште е мал за вакви играчки“, вели пејачката за Гранд Нјуз.
„Ќе ја види играчката, но се уште не знае што е во прашање. Но без разлика на тоа за нова година ќе му купам сé и сешто“, додаде таа со широка насмевка на лицето.