Еве кој е виновен што Ријана објави фотографија од Елена Ристеска

Елена Ристеска „заврши“ на Инстаграм профилот на козметичкиот бренд на Ријана „Fenty beauty“.

Последниот албум на Ријана е издаден во 2016 година, но затоа на деловен план со својот козметички бренд растура. Пејачката во изминативе неколку месеци реши повторно за својот бренд „Fenty Beauty“ да лансира неколку нови производи со кои предизвика големо внимание во светот на шминките.

ADVERTISEMENT

Имено, колку нејзиниот бренд е популарен во светот кажува и бројот на фановите што ги имаат на официјалната страница на Инстаграм.

Имено, „Fenty Beauty by Rihanna“ само на Инстаграм има преку 8.3 милиони следбеници, а деновиве на нивната страна беше објавена и една фотографија од Елена Ристеска. Оние што ги следат новите производи на брендот на убавицата од Барбадос многу добро знаат дека во прашање се шминки со извонреден квалитет, а тоа го знае и мејк-ап артистот Даниел Николовски. Токму тој е и главниот виновник што Елена заврши на профилот на Инстаграм на брендот зад кој стои една од најпознатите пејачки на светот.

Елена секако дека беше пријатно изненадена од ова и своето воодушевување го сподели со фановите.

Елена пред само неколку дена на Даниел му го честиташе роденденот со порака со која го изненади.

„Не постои фотографија на која не сме излегле добро. Барем така си викаме секогаш. :)Се случува магија кога се сликаме јас и ти, можеби затоа што толку многу се сакаме.Брат мој најсакан,другарчина, соработник број 1 на листата од мои соработници,ЧОВЕК меѓу луѓето, магични раце имаш, ТЕ САКАМ🤗🍀❤️🎉🥂🎵 @danielnikolovskiofficial1 СРЕЌЕН РОДЕНДЕН.

Facebook Comments
(Visited 2.687 times, 1 visits today)