Еве кој го чува бебето кога мама Пријовиќ настапува и какви услови мораше да исполни дадилката на првиот внук на Брена
Откако се роди пред неколку месеци, малиот Александар Живојиновиќ е главна фаца во семејството, но и во јавноста – сите се прашуваат кој го чува кога неговата мајка, Александра Пријовиќ, настапува.
Благодарение на социјалните мрежи, обожавателите го следат секој чекор на познатата мама. Таа по породувањето полека почна да се појавува на телевизија, како и на важни прослави на своите пријатели, колеги и членови од семејството.
Но како што самата вели, стана од оние жени кои постојано гледаат на часовникот, и одвај чекаат да се вратат дома колку и да е добра забавата.
И за тоа време, како што вели, синот Александар го чуваат баби и дадилки. „Најчесто го оставам на мојата или на мајката на Филип, а често со нив е и жена која го чува и која ја сметаме за дел од семејството. Александар стана миленик на нашите семејства па сите се тркаат во тоа кој е го минува времето со него“, раскажа Пријовиќ за српските медиуми и притоа ги откри критериумите што мораше да ги задоволи дадилката што ја избраа за малиот Александар.
„Да биде грижлива, да сака деца и на најдобар можен начин да учествува во неговото растење. Но имавме среќа бидејќи токму таква и најдовме“, порача пејачката.