Еве која е убавицата од новиот спот на Влатко Лозано – штипјнката мами воздишки каде и да се појави
На шармот на оваа млада дама тешко кој може да одолее
Влатко Лозано веќе со години е присутен на нашата музичка сцена и многу негови песни важат за големи хитови.
Влатко деновиве ја израдува својата публика и со новата песна „Жолто-црвено“ која е инспирирана од вистинската приказна на еден нашинец што Лозано случајно го сретнал на една турнеја во Европа.
Влатко за оваа песна сними и интересен спот, а во него се појавува една преубава Македонка што плени со својот шарм.
Принтскрин/ Јутјуб
Станува збор за 20-годишната штипјанка Ива Цацкова која е професионален модел кој полека ја освојува и светската сцена.
Принтскрин/ Јутјуб
Оваа прекрасна млада дама својата кариера ја започна во Моделс ИН, а досега има бројни успешни соработки зад себе.
Покрај тоа што работи како професионален модел, Ива студира и архитектура на внатрешен дизајн.
Таа е поприлично позната и на социјалните мрежи (види тука), а неколку нејзини изданија погледнете во продолжение…