Еве која е новата колешка на Адријана Алачки и Спасен Силјаноски – убавица од која застанува здивот
Ова е новата водителка на „Везилка“
Таа е новото лице во популарното семејно шоу
Познатата македонска манекенка, модел и мисица Анѓела Јакимовска станува дел од водителската екипа на „Везилка“.
По заминувањето на Благоја Грујовски и Ирена Спировска, оваа млада дама заедно со пејачот Спасен Силјаноски ќе биде новото лице во една од најпопуларните емисии во нашата земја.
Тие заедно со водителката Адријана Алачки ќе бидат дел од ова неделно шоу на телевизија Алфа богато со музика, вкусна храна и забава.
Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки
Популарната манекенка Анѓела Јакимовска со својот атрактивен изглед никого не остава рамнодушен, а гледачите се воодушевени од тоа што ќе имаат можност да се дружат со неа преку малите екрани.
Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки
Новата сезона од емисијата веќе започна, а познатиот фолк-пејач Спасен Силјаноски исто така ги воодушеви сите.
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
И тој одлично се снајде во новата улога, а нивните заеднички фотографии ги воодушевија сите и на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук
Неколку фотографии од снимањето на најновата емисија сподели и Адријана Алачки на својата Фејсбук страница.
Потсетуваме, Анѓела Јакимовска досега има освоено бројни награди за убавина меѓу кои и „Miss Europe“ и „Miss Globe“ за 2020 година, како и титулата „Miss Tourism of the World“ за 2021 година.
Фото: Фејсбук
Инаку, Анѓела има 27 години и средно училиште заврши во гимназијата Корчагин, а потоа се запиша на студии во Скопје.
Фото: Фејсбук
Таа студираше и во Сплит, Хрватска, каде што работеше и како модел, а денес е дипломиран економист, со отсек електронски бизнис.
Фото: Фејсбук
Покрај тоа што е манекенка и водителка, Анѓела се има појавено и во турската серија „Балканска приказна“.
Фото: Фејсбук
Оваа серија се снимаше во Македонија, а Анѓела во неа се појавува во улога на модел и се вика Кадин.