Еве која е Македонката заради која Цеца Ражнатовиќ pacпали по Марија Шерифовиќ и направи голем cкандал во „Ѕвездите на Гранд“
Љупка Арсовска од Македонија беше една од причините што Марија Шерифовиќ и Цеца Ражнатовиќ се скараа во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд“.
Пејачката настап со песни од Хурикејн и Едита, а со освоените четири гласови замина директно во баражот.
На мене овој програм ми е океј. Немам проблем со програмот, но имам со начинот на кој ти пееш и го кажуваш текстот. Тоа е некако ново, модерно изговарање на текстот кое јас го сведувам на полумутаво. За тоа може да се дискутира, но ако идејата е дека така треба да се пее тогаш океј. Секогаш може и подобро, и појасно, бидејќи ако некој смислил дека тоа така треба јас би сепак со својот глас и со својот израз“, објасни Марија. Со неа не се сложија Вики Миљковиќ и Ѓорѓе Давид кои додадоа дека беше оригинална и секако потенцијал.
Сепак, ваквото гласање и образложение ја изнервира Цеца која сметаше дека нејзината кандидатка е оштетена.
На ова девојче и кажа дека мутаво пее и и’ го даде својот глас, а на мојата кандидатка не и го даде гласот, а не пееше мутаво, па објасни ми – побара одговор Цеца од својата колешка, по што Шерифовиќ и кажа дека натпреварувачката имала погрешен репертоар за разлика од Љупка, што дополнително ја изреволтира Светлана која ја праша дали се оценуваат песните или натпреварувачите што ги пеат истите.
„Таа мутаво го пееше нејзиниот програм добро, а твојата пееше неточно неточен програм“, и одговори Марија.
„Заколни се во мајка искрено дека ова девојче пееше точно. Не ги оценуваш ти правилните или погрешните песни туку девојчињата“, повторно и се обрати Цеца со повисок тон на Марија, додека нејзината колешка тврдеше дека стои зад својот глас и дека кај кандидатите оценува сé.
Потоа се надоврза и Саша Поповиќ дека сите што пеат во вториот круг се повеќе или помалку добри, но и дека сега се гледаат и други работи.
И Вики Миљковиќ не можеше да остане имуна, па застана во одбрана на својата кума, но Марија и одговори:
„Народот зборува за тоа како вие гласате, јас зад својот глас стојам! Дали имам право нешто да ми се допадне и не? Дали имам право?, ги праша овој пат Шерифовиќ своите колешки и и’ порача на Вики да не се меша бидејќи не станува збор за нејзината кандидатка, туку за Настасија Шкориќ која во првиот круг ја избра Цеца Ражнатовиќ за своја менторка.
Инаку, Љупка има дваесет и една година и има завршено средно музичко училиште. Таа е млада пејачка која во Македонија стана позната со своите настапи со бендот Ди Капо.
Во македонските медиуми Љупка го доби прекарот македонската Џенифер Лопез, а кога ќе ги видите нејзините фотографии, ќе ви стане јасно зошто многумина ја споредуваат со популарната светска пејачка.
Таа некое време се занимава со музика и во Македонија веќе е позната, а видеата и фотографиите што ги објавува и тоа како ќе го задржат вашето внимание.
Некои од нив погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска
Фото: Инстаграм/ Љупка Арсовска