Реклама
Кариера

Еве колку заработува еден просечен Македонец во Германија

Реклама

Плата до 4000 евра месечно, НЕ мора да знае јазик и што е најпоразително – НЕ планира да се врати.

Годишно од Македонија секоја година заминуваат голем број граѓани за да ја бараат својата среќа во странство. Што се однесува до Германија, таму нашинците зимаат плата од 1500 до 4000 евра, во главно живеат во изнајмен стан, германскиот јазик не го познаваат доволно, а заедничко им е што немаат намера да се вратат во Македонија. Или барем засега кога ситуацијата кај нас од година во година е се полоша.

Маркетинг

Во кратки црти вака изгледа профилот на еден просечен Македонец што живее и работи во Германија, економската најсилна земја во Европа. А таквите во последно време спроед статистиките податоци има сé повеќе. Многу од нив своето место за живот го пронашле во индустриско развиените покраини – Северна Рајна – Вестфалија, Баварска, Баден-Виртемберг, Хасен, Берлин, Хамбург…

Општо познато е дека Македонците важат за добро интегрирана група на граѓани во Германија. Нивните деца редовно одат на училиште, не примаат социјална помош, секое дете добива детски додаток од 300 евра месечно. Егзистенцијата ја темелат на работа и тоа најчесто во мали фирми од областа на угостителството и производство, но и во медицината, металната индустрија, градежништвото, градинарство, земјоделие, услуги за чистење… За повеќето од овие работи не им е потребно познавање на јазик, додека за во здравството е задолжително.

Маркетинг

По правило, колку имаат подобри квалификации и колку подобро зборуваат германски, толку им е полесно да дојдат до работа и да останат подолго време на неа. Сепак, поголем број на работници од Македонија во Германија ги работат оние помалку платени работи, за кои се бара само диплома од средно училиште и површно познавање на јазик. Па така секој трети е вработен во производство, земјоделие или градежништво, додека секој четврти во хотелиерство, а секој пети во металната индустрија. Платите се движат од 1400 евра, колку што е минималецот во Германија, до околу 4000 евра колку што заработуваат професионалните шофери.

Од нашите луѓе кои живеат во Германија најмногу заработуваат шоферите, без разлика дали возат камиони или во градскиот превоз. Тие заработуваат до 3700 евра месечно и тоа за четири работни дена во неделата, а услов е да имаат диплома што ја добиваат по шест месеци школо. Добро заработуваат и медицинските сестри, па така од Македонија се повеќе луѓе заминуваат во Германија од оваа дејност за плата од околу 2300 евра. Но услов за оваа работа е добро познавање на германскиот јазик. Работите во земјоделието, градежништвото и угостителството се нешто помалку платени.

Нашите граѓани во Германија можат да работат само ако имаат дозвола за престој и дозвола за работа. Работни места можат да побараат на бројни специјализирани интернет портали. Во Македонија постојат и неколку агенции кои се занимаваат со посредување и барање на работа во Германија, а еден од најчестите начини за доаѓање до работа е преку познаници кои веќе заминале и живеат во оваа европска земја.

Поразително е тоа што за враќање во Македонија поголемиот број иселеници воопшто не ни размислува. Иако повеќето од нив кога е заминат планираат преку граница да останат некое време колку што е потребно за да заработат пари и да се вратат во својата земја, но многу ретко кој ова ќе го направи во вистинскиот живот. Тие најчесто засекогаш остануваат во туѓина, а причините се реални – многу поголема плата за истата работа, полагоден живот и помалку стрес, и не постоење на страв за егзистенција како и прашањето како на семејството да му ги обезбедите основните средства за живот . И секако стапката на невработените во Македонија е околу 18 %, додека во Германија се движи околу 3 отсто, што значи во оваа земја НЕ можете да останете без работа!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button