Вести

Еве кои граѓани месецов ќе добијат зголемување на приходите од 4.195 денари!

Advertisement

Во оваа 2023 година освен мартовско усогласување на пензиите од 8.4 проценти, уште едно ќе следи во септември, усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата кое ќе биде околу 6 отсто.

Според пресметките од првиот ден на новиот состав на Владата, јануари минатата година со покачувањата на пензиите кои се случија во минатата година, во март и во септември, заедно со ова покачување и покачувањето кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25% што никогаш досега во историјата на државата се нема случено.

Advertisement

Фото: Илустрација

Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на својот фејсбук профил објави добра вест за пензионерите. Од септември пензиите ќе бидат зголемени за 6%.

„Обезбедивме постојан раст на пензиите. Согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9%. Со новата методологија пензиите пораснаа за околу 21%. Септември 2022 – 6.8%. Март 2023 – 8.4%, Септември 2023 – 6% (проекција). За една година раст од околу 21% или раст за околу 24% од јануари 2022 до септември 2023 година.“ напиша Тренчевска.

Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска минимална пензија од 18.000 денери е нереална сума. Пензиите се економска категорија и нивнаата висина зависи од тоа колку луѓето вложувале во неа во текот на работниот век, неправедно е да ги изедначиме сите, вели министерката и најавува дека во септември ќе нема пензија под 13.300 денари.

Фото: Илустрација

Таа вели дека ќе се формира работна група за прашањето за минимална пензија, за да се утврди износ на минимална пензија.

„Не очекува ново усогласување со септемвриската пензија. Ги очекуваме деновиве податоците од Заводот за статистика и врз основа на овие податоци ќе го знаеме точниот процент за усогласување на пензиите на сите 330.000 пензионери. Мислам дека до крајот на годината ќе најдеме соодветно решение како да ја дефинираме минималната пензија, а која ќе биде над прагот на сиромаштија утврден според Светска банка“, вели министерката.

Законското решение кое што е во моментот и при носењето на новата методологија во 2022 година, сите пензионери се согласија, вели дека треба да биде 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата, во изминатото полугодие, во однос на она што му претходело.

Фото: Илустрација

„Очекуваме овие денови да ги добиеме податоците од ДЗС и врз основа на нив ќе видиме колку ќе биде. Можно е шест, можеби нешто повеќе, се зависи од статистиката“, вели Тренчевска.
Таа не кажа дали има компромис меѓу иницијативниот одбор, Сојузот на пензионери и министерството за 18.000 денари минимална пензија.

„Секогаш кога се креираат политики мора да се мисли на стабилноста на Фондот за пензиско, 18 илјади денари пензија е нереална цена, затоа што минималната плата ни е 20.000 денари. Не сакам да се доведеме во ситуација по неколку месеци да се прашуваме дали ќе добијат пензија сите 330.000 пензионери.

Фото: Илустрација

Во септември ново усогласување и минимална пензија над 13.000, до крајот на годината решение за минимална пензија најави министерката за труд и социјала. Претставници на пензионерите на министерството и на Фондот за пензиско ќе дебатираат за законски измени за минималната пензија што ќе биде над прагот на сиромаштија.

Осумнаесет илјади е неприфатливо и неодржливо за Фондот смета Тренчевска. Неправедно е да ги изедначиме луѓето кои имаат 15 години стаж и луѓето кои имаат 40 години стаж.

„И оние граѓани пензионери кои земаат во моментов минимална пензија најголем дел од нив се со 15 години стаж. И најголем дел од нив ја немале достигнато висината на минимална пензија. Ако не бил системот солидарен таков каков што е во моментов ќе земале и многу помала пензија.

Фото: Илустрација

Меѓутоа заради солидарниот систем сме утврдиле линија од која што нема да има пензија 12.500 денари. Во септември ќе биде над 13.300“, вели Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.
Т
оа е вистинска грижа, не се потребни популистички мерки. Во неколку месеци ќе ги задоволат потребите на сите пензионери, но на подолг рок ќе се доведе во прашање стабилноста на Фондот. Нема да дозволам да се доведе во прашање исплатата на пензиите“, додаде министерката.

Највисоката пензија во државата во март 2023 година изнесувала 69.931 денари, а корисници биле 74 пензионери. Оваа група на пензионери во септември ќе добијат зголемување за 4.195 денари, односно пензиите ќе им изнесуваат најмалку 74.126 денари.

Фото: Илустрација

Пензионерите револтирани од зголемувањето на платите на функционерите и скокот на цените на храната одржаа повеке протести и побараа покачување на сите пензии за 3.500 денари и минимална пензија од 18.000 денари

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button