Реклама
Наши ѕвезди

Еве кого обвини шоферот на автобусот со кој и беше откината раката на водителката од утринската програма на телевизија Пинк

Реклама

За среќа поради брзата интервенција на докторите, раката на Деа и е спасена и таа закрепнува во болницата.

Фото: Инстаграм/ Деа Ѓурѓевиќ

Во судот во Белград беше сослушан осомничениот Б.Ј. кој беше возач на автобусот што во несреќата и ја откина раката на водителката на телевизија Пинк Деа Ѓурѓевиќ. Тој детално ја изнесе својата одбрана во однос на сообраќајната незгода што се случи на 7 февруари во Белград. Лицето Б.Ј. за несреќата го обвини лизгавиот пат на кој имаше излиено вода што замрзнала и го спречила автобусот да застане на време, иако почнал да кочи. Тој смета дека автобусот што го возел немал никаков дефект и дека кочниците биле исправни и додаде дека и патниците додека излегувале од автобусот на тоа место исто така се лизгале поради замрзнатата површина.

Тој изрази длабоко жалење за несреќниот случај и додаде дека неколку пати се распрашувал за водителката што беше тешко повредена во несреќата.

Маркетинг

Обвинителството планира да ги испраша и сведоците, како и самата Ѓурѓевиќ кога ќе биде во можност да присуствува во судот. Таа по тешката сообраќајна незгода се уште се наоѓа во Воено медицинската академија во Белград.

Само да потсетиме, несреќата се случи на 6. феевруари кога по сообраќајка водителката излезе од автомобилот, а на неа налета автобус и и ја откина раката, а лекарите по долгата операција, успеаа да и ја спасат.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Деа Ѓурѓевиќ

Иако помина веќе месец и пол од самата несреќа, се уште ја нема напуштено силниот дух, па за прв пат објави и фотографија на социјалната мрежа Инстаграм со нејзината мајка и го напиша следното:

„Научив дека храброста не е отсуство на стравот, туку е победа над него. Храбар човек не е оној кој се чувствува уплашено, туку оној кој ќе го надвладее тој страв“, пишува во коментарот на водителката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button