Џенифер ги изненади сите со она што го направи на Инстаграм
Иако на оваа социјална мрежа е само неколку дена, таа успеа да предизвика внимание и да направи нешто што досега никој го нема направено.
Но очигледно дека зад тоа стои врвна стратегија и план кој донесе одличен плод. Имено, таа за помалку од 24 часа доби војска од следбеници , односно преку 6 милиони пријатели.
Како што самата таа призна во популарното шоу на Џими Кимел, Џенифер веќе некое време имала свој таен профил на оваа социјална мрежа.
„Кога почнав да размислувам да се приклучам на Инстаграм, заклучив дека е најдобро да го ‘мацнам’ малиот прст во тој голем базен наречен социјални мрежи“, објасни таа.
Таа проучувала што се случувало на оваа мрежа, а на крај и самата стана вистинска инстамграџија. Само во првата недела собра преку 13 милиони пријатели, па го верифицираше својот профил, што воопшто не е лесно да го направите, а притоа избираше и содржини за своите објави.
Па таа во една од своите последни објави таа презентираше фотографија од детството што ја спореди со сегашното издание во иста поза.
Исто така и нејзината прва објава беше вистинска одлика на големината на актерката. Таа на фотографијата е со колегите Кортнеј Кокс, Лиса Кудров, Мет Лебланк и уште неколку други со кои се потсети на старите денови.
И денес по 25 години од снимањето на хит серијата „Пријатели“ кога е со колегите од сетот блеска, и максимално е горда на нивниот голем успех.