Еве како ѝ се радуваше синчето на мама Антониа кога ја виде на „Макфест“
Гори инстаграмот на пејачката Антониа Гиговска. По вчерашното спектакуларно појавување на макфестовската сцена, Гиговска покажа како треба да изгледа една ѕвезда.
Таа со својата уникатна појава се издвои од своите колеги. Антониа носеше црна гламурозна креација. Фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело со секси отвори во горниот дел. Црната марама на глава ретро трренд адаптиран во модерна варијанта што пејачката одлично го износе. Инаку ќе потсетиме дека Бурсак е стилистката која долги години се грижи за изгледот на Антониа.
Пејачката и јавно им се заблагодари на оние заслужните за нејсиниот фантастичен изглед.
Само пофални зборови од бројни нејзини фанови не само како изгледаше Антониа на сцената туку и за песната „Жена“ со која таа се претстави. И дефинитовно овде мириса на хит…
Имаме и ние и стил и глас и стас- напиша водителката Снеже Велков за Антониа.
Песната веќе стана омилена меѓу публиката.
Но, меѓу сите тие честитки кои пристигнуваат на адреса кај Антониа, едно видео ни привлече најмногу внимние.
Додека мама работи, Дани Гиговска го чува малиот Киан, па ја израдува мама со оваа објава.
Погледнете ги останатите забелешки по настапот на Антониа.