Еве како ќе изгледаат нашите најпознати пејачки на новогодишната вечер -која од која поубава!
Македонските фолкерки покажаа како ќе изгледаат на новогодишната емисија, која ќе се емитува на 31.12.2023, пред полноќ.

Која од која поубава, не знае човек во која попрво да гледа.
Македонската фолк-естрада е богата со квалитетни музички имиња, а македонската традиционална музика е нешто што мора да се негува.
ФОТО: Фејсбук
Како и секоја година, така и оваа, во ек се снимањата на новогодишните емисии за секоја телевиија одделно, а која забава може да помине без најголемите фолк-хитови.
Оние кои планираат новата година да ја дочекаат во домашна атмосфера и тоа како ќе има што да видат и чујат на македонските канали.
ФОТО: Фејсбук
Сител телевизија веќе ја сними својата новогодишна програма, со пејачите кои се чести гости во емисијата „Мерак меана“.
Фолк пејачките не се воздржаа и веднаш споделија на социјалните мрежи фотографии од тоа како ќе изгледаат на оваа посебна вечер.
ФОТО: Фејсбук
Гламурозни фустани и фризури, јака шминка и многу светкави декораици.
Во која од пејачките човек попрво да гледа?