Еве како Ѓоковиќ се штити од корона – оваа намирница е клучна, а сите ја имаме дома
Ѓоковиќ секогаш води сметка за здрава исхрана.
Ако за некој може да се каже дека се грижи за исхраната, тогаш тоа е сигурно Новак Ѓоковиќ.
Ноле е познат по својата специфична и здрава диета, но и по познатиот појадок базиран на целер кој го користи и за време на пандемијата со вирусот корона.
Како мерка за превенција против инфективниот вирус „Ковид-19“, неопходно е да се избегнат непотребни излегувања на местата каде што има повеќе луѓе, пожелно е да се изолирате целосно, но исто така е важно да се подобри имунитетот. Ова е она што го прави Новак Ѓоковиќ веќе со години, па така и во ова време на криза.
Австралиските медиуми го следат скоро секој чекор на Ѓоковиќ за време на престојот во нивната земја и не го пропуштија неговиот „најважен оброк во текот на денот“.
Во една прилика, Новак од Мелбурн испрати честитка до фановите со зелениот сок, па многумина на социјалните мрежи се прашуваа што се крие во неговата чаша, со која што го започнува денот. Па дали погодувате?
Ѓоковиќ го започнува секој ден со лимон и лимета на празен стомак, а потоа пие свежо исцеден сок од целер. Во прашање е оброк кој го консумира и неговата сопруга Јелена, како и децата, со тоа што истиот за нив го подготвува во комбинација со јаболко или краставица заради вкусот.