Еве како Цеца се збогуваше од малото девојче што беше усмртено и свирепо фрлено на депонија (фото)
Тага до небото
Трагична вест од соседството што ги потресе сите
И пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по трагичниот случај што го потресе целиот Балкан.
Таа од убиеното мало девојче се збогуваше со тажна порака што ја сподели на својот профил на Инстаграм.
Имено, Цеца објави црно-бела фотографија на која е девојчето, а на која напиша, „Ангелу, почивај во мир“. и додаде скршено срце.
Фото: Социјални мрежи
Покрај Цеца скршени од болка се огласија и многу други познати личности, а една од нив е и нашата пејачка Славица Ангелова.
Фото: Социјални мрежи
И таа сподел црно-бела фотографија на која е малата Данка со врзана коса во опавче, а преку која напиша:
„Почивај во мир, мало ангелче“, сподели Славица.
Фото: Социјални мрежи
Потсетуваме, полицијата во Србија ги уапси С.Ј. (50) и Д.Д (50), и двајцата од Бор, заради сомнеж дека ја убиле двегодишната Данка Илиќ.
Фото: Социјални мрежи
Осомничените целосно признале дека го извршиле овој злочин, по што започна пребарувањето на теренот за да го најде телото.