Еве како Спасен Сиљаноски си ужива за сите пари со ќеркичката – пејачот на одмор со семејството
Еве што прави Спасен Сиљаноски кога е на одмор
Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски уживаше на летување, а фотографиите што ги објави ги воодушевија неговите верни фанови.
Спасен заедно со сопругата Ана и нивните деца, Мила и Арсениј, ги спакуваа куферите и решија да ги искористат последните топли денови од тековната сезона да си ги наполнат батериите.
Пејачот сподели неколку фотографии и покажа како се опушта покрај морето заедно со неговата наследничка Мила.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Всушност неговата наследничка и го украде целото внимание, a Спасен си блескаше како и секогаш кога е со неа.
Пејачот потоа објави фотка на која е со целото семејство, а истата е направена на шеталиштето во Парга, Грција.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Но овој пат во центарот на вниманието беше неговата убава сопруга, а многумина коментираа дека се совршен пар.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Потсетуваме, Спасен и Ана повеќе од десет години се заедно, а круна на нивната љубов се децата Арсениј и Мила.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Тој го користи одморот да се одмори и да се наполни со енергија пред да им се врати на обврските и своите настапи.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
А како изгледа пејачот кога настапува со својата екипа, погледнете од едно од неговите последни видеа на Фејсбук…