Еве како со бугарски пасош до 10 пати поголема плата од онаа во МАКЕДОНИЈА – газдите во оваа земја го ценат трудот!
Еве зошто Германија за многумина е ветената земја
Кога се зборува за плати, каде и да сте на Балканот, луѓето најчесто ги споредуваат со оние во Германија.
И тоа не е без причина – работниците во Македонија можат само да ги сонуваат таквите износи на своите банкарски сметки.
Имено, според Сојузниот завод за статистика на Германија, еден работник во просек заработувал околу 4000 евра бруто месечно во 2020. И без да пресметуваме, би можеле да кажеме дека тоа е скоро десет пати поголема сума од онаа што ќе ја заработите во Македонија.
Плус ќе работите многу помалку, бидејќи таму трудот се цени, за разлика од кај нас каде секој газда гледа да го извади максимумот од вас, а да ве плати минимум.
Од друга страна, постојаниот раст на платите во оваа земја може веднаш да се забележи ако се споредат резултатите од оние во 2009 и 2019 година.
Имено, во 2019 месечниот бруто износ на бил 3994 евра, а во 2009 година 3141, пишува „Fenix-magazine“. Но треба да споменеме и дека две третини од Германците примаат месечна плата под бруто просекот од 3975 евра и речиси само една третина прима повеќе од таа вредност.
Но тие имаат толку висока заработка заради што и просечната вредност кога се гледа за сите е многу повисока.
Нето заработка – она што ќе остане од бруто износот
Но и покрај тоа што ни е убаво кога ќе го слушнеме бруто износот, на сите им е јасно дека тоа е вкупниот износ пред да се одбијат давачките. Тие секако дека не се мали, а за тоа е свесен и Сојузниот завод за статистика кој континуирано ги изработува и пресметува моделите на заработка.
Па така според овие бројки, неоженет маж кој во просек заработува околу 4745 евра месечно во Германија, остварува нето приход од околу 2848 евра. На оженетиот маж пак му остануваат 3231 евро, а ако има едно дете добива 3249 евра, додека со две деца 3261 евро.
Во првиот случај делот од нето заработката во целата (бруто) плата изнесува 60 отсто, додека во вториот 68.1 отсто, во третиот 68.5 отсто и во четвртиот 68.7 отсто.
Што се однесува до тоа кое занимање е „најисплатливо“, според анализа на порталот „Stepstone“ докторите се најплатени.
Тие во просек примаат бруто плата од околу 89.500 евра годишно, а и покрај тоа што има значајни различи измеѓу одредени медицински занимања, ниту една друга работна група не може да постигне толку високи приходи, пишува „Вечерњи.хр“. И кога ќе ги споредиме овие плати, со оние што ги добиваат нашите доктори и други медицински лица, не треба да се чудиме зошто овој кадар се почесто ги пакува куферите и заминува на печалба во оваа земја.
Најлесно им е на оние со бугарски пасоши
Од друга страна и платите на медицинскиот кадар е далеку поплатен од кај нас, па Македонија веќе се соочува со дефицит. Речиси и да не постои човек во Македонија што не познава пријател медицинско лице што не се иселило или не планира да го направи тоа во блиска иднина, а најлесниот пат за да го направат тоа за многумина е со вадење на бугарски документи. Но за ова во некоја друга пригода.
Младите и работата
Втората најплатена група се советниците за имот, контролори и други финансиски стручни лица кои бруто заработуваат околу 73.800 евра. Адвокатите се трети по заработка, тие што се со завршен правен факултет можат да очекваат дека просечната бруто плата ќе им биде околу 68.600 евра.
Во многу земји се уште преовладува ставот дека подобра плата може да се обезбеди со факултетска диплома.
Во Германија тоа го потврдуваат и официјалните податоци. Имено, академските граѓани во просек имаат плата од 65.800 евра годишно, додека квалификуваните работници без диплома заработуваат во просек околу 49.200 евра бруто годишно. Постои и една група која е исклучок, а тоа се контролорите на воздухопловниот промет. Тие немаат завршено факултет, но заработуваат одлично.
Во просек оваа група работници заработува 6150 евра бруто месечно. Според Сојузниот завод за статистика, постојано вработените на подрачјето финансиски и осигурителни услуги најдобро заработувале минатата година со бруто заработка од 80.030 евра без посебни плаќања.
Следува секторот од енергетиката со 71.738 евра, додека најнизок приход е в угостителството – 25.705 евра.
Според „Stepstone“ во 2020 во Германија најлошо поминале вработените во кол-центрите каде работодавачите во овој период исплаќале и до 31 отсто пониска плата од просекот за компаниите во сите економски гранки.
Што со оние што немаат бугарски пасоши?
Германската Влада минатата година одлучи повторно да се продолжи важењето на уредбите за вселувањето на работниците од Западниот Балкан.
Оваа уредба ќе овозможи на граѓаните на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија да влезат во Германија и да работат без оглед на формалните квалификации, нагласуваат тие, со напомена дека одлуката ќе се применува до крајот на 2023 година.
Германија со овие уредби ги отвори вратите за нашите работници, а работодавачите ќе добијат работници од Балканот.
Еве што значи овoj закон за македонските работници
Овој закон за доселување на професионални работници во Германија првенствено е донесен заради потребата од зголемување на бројот на странски државјани со диплома за стручно или високо образование од земјите кои не се во Европска унија. Законот е донесен по барање на работодавците и претставниците на индустријата, и со него се олеснува вселувањето на оваа група на граѓани во Германија.
Кои чекори Македонските работници треба да ги преземат за да одат во Германија
Се поднесува барање за виза за државјаните на Македонија кои имаат диплома преведена на германски јазик. Со ова се овозможува приоритетно доделување на термин за стручи кадри, посебно од струките кои им се најпотребни.
Важно до сите кои сакаат да аплицираат, мора дипломата да се ностифицира во Германија. За побрзо да оди процедурата во амбасадата, најдобро е да се обратите прво кај работодавците за да ја покренат постапката во Германија и така дипломата побрзо ќе се нотифицира.
Доколку вашиот работодавач не сака да покрене постапка за нотифицирање на дипломата можете тоа да го направите и сами како странски државјанин.
Какви работници Германија бара
– Во Германија постои големо побарување за медицински сестри и за геријатриски нега, инженери, научници за природни науки и ИТ експерти.
Но, и лица од Балканот кои немаат диплома за стручно образование, можат да поднесат барање за виза во Германија, под услов да имаат постојан потпишан договор со работодавачот кој е со седиште во Германија.
Меѓутоа, времето на чекање е подолго за овие кандидати.
Што ако ја изгубите работата?
Законот за заштита од отказ во Германија зависи од многу фактори, како од големината на претпријатието и од работниот стаж во тоа претпријатие. Но, заинтересираните кандидати можат да се информираат во Сојузната управа за вработени, синдикати или преку специјализирани адвокати.
.