Еве како Сара Мејс му го честиташе роденденот на саканиот – ФОТОГРАФИИТЕ се хит, посебно оние со бебенцето!
Најголемата љубов на Сара Мејс прослави роденден
Сопругот на Сара Мејс, водителот Димитар Атанасовски, прослави 35 роденден а радоста заради тоа Сара ја искажа со зборовите:
Да не постоеше, ќе требаше да те измислиме. Среќен роденден кралу наш!
Познатата македонска пејачка и харфистка се породи пред месец ден кога по втор пат се оствари во улога на мајка.
Сара тогаш на овој свет донесе машко дете на кое м го дадоа името Кирил, а првите фотографии со бебето ги објави уште од породилиштето.
Но сега Сара повторно го покажа својот наследник, како спие врз градите на нејзиниот сопруг, и ги воодушеви сите.
Имено, на Димитар вчера му беше роденден, па Сара заедно со нивната ќерка Илина го израдуваа со необична торта.
Тортата беше во форма на пиштол, што беше желба на славеникот, кој свеќичките ги дувна заедно со своја наследничка.
Сепак, најслатко беше видеото на кое славеникот спие со разголено торзо, а на градите заедно со него спие бебето.
Како изгледаше атмосферата во нивниот семеен дом, но и како изгледа пејачката месец дена по породувањето, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс