Еве како Роберт Билбилов и го честиташе роденденот на својата сакана Лејла – никогаш не биле посреќни
Ќерката на Велија Рамковски славеше роденден – погледнете како саканиот Билбилов и го честиташе
Пејачот е внимателен кон својата сакана
Со својата последна објава познатиот музичар покажа колку ја сака и цени својата девојка и ги разнежни сите.
Познатиот композитор и пејач Роберт Билбилов веќе некое време е во емотивен врска со Лејла Рамковска.
Тие пред неколку недели открија дека се во врска, па сега често објавуваат заеднички фотки на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Но Роберт сега имаше посебна причина да го направи тоа – на неговата сакана и беше роденден, па тој со неколку романтични фотографии од кои бликаат емоции и љубов, јавно и го честиташе роденденот.
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Лејла и Роберт на секоја од овие фотки се во страсна прегратка и изгледаат вљубено како и првиот ден.
Фото: Инстаграм/ Роберт Билбилов
Една од овие фотографии на својот профил сподели и русокосата Лејла, па веднаш следуваа бројни честитки.
„Еден од најубавите парови“, „Ве обожавам и двајцата“, „Изгледате преубаво на сликава“, беа само некои од нив.
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Потсетуваме, познатиот македонски пејач и композитор веќе некое време ужива во љубовта со неговата нова девојка.
Фото: Инстаграм/ Роберт Билбилов
И двајцата не кријат дека се пресреќни кога се заедно, што може да се забележи и од нивните профили на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Лејла е позната инструкторка по јога и инфлуенсерка, ќерка на некогашниот сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски.
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Таа е мајка на две малолетни деца кои ги има добиено од претходниот брак, а син од претходнито брак има и Билбилов.
Во однос на мајчинството, Лејла, во една пригода за Гламур магазин откри дека како мајка сака да има другарски однос со своите деца, но истовремено со авторитет, што успева и да го постигне.
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
„Како родител сум другар но со авторитет (насмевки). Сакам отворен однос и да може да ми кажат се. Каан и Каја се веќе големи деца и доста одговорни и упатени за мојата работа така што се свесни дека мора да бидат вредни во животот. Не се жалам за динамиката на денот искрено бидејќи имам доста висока енергија“, изјави Лејла во една пригода за Гламур магазин истовремено откривајќи и некои од нејзините скриени таленти за кои јавноста се уште не знае, а тоа е дека обожава да црта и е добра во тоа, но и дека убаво пее.
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Повеќе за ова прочитајте тука…