Еве како познатата Македонка ужива во убавините на Охридското Езеро: Мојата земја, мои луѓе…
Познатата македонска водителка иако е во петтата деценија од животот и понатаму изгледа како да девојка.
Берта воодушевува со својот изглед каде и да се појави.
Без шминка, во целосно природно издание, на Берта Додевска не ѝ требаат ниту филтри ниту фотошоп, затоа што изгледа фантастично.
Во текот на целата своја кариера работи на емисии посветени на патувањата и може да се пофали дека има посетено дестинации на кои ретко кој може да отиде. Витката линија и младешкиот изглед се синоним за неа, а за тоа задолжена е максималната посветеност и редовната нега.
ФОТО: Фејсбук / Берта Додевска
Берта дефинитивно е една од оние дами за кои велиме дека се како виното.
За неа времето буквално како да запрело, а доказ за тоа се фотографиите кои ги објавува на нејзините социјални мрежи.
ФОТО: Фејсбук / Берта Додевска
Иако навикнати сме да ја гледаме додека ужива на најлускузните места и плажи, сепак дома си е дома.
Берта сподели фотографии направени на Охридското езеро додека е вози на чамец и глисер.
ФОТО: Фејсбук / Берта Додевска
Уште еднаш покажа дека фотошоп не ѝ е потребен, а во опис напиша:
„Мојата земја, мои луѓе, нашето езеро, наше време“.