Еве како Ноне го живее животот на брод, далеку од дома – велешанката ужива, но уживаат и нејзините фанови
Многумина се среќни кога го прави ова
Ноне со своето најново издание ги воодушеви фановите
Нашата позната пејачка Ноне Неделковска која веќе неколку години работи на брод и патува низ светот, повторно ги воодушеви сите.
Имено, Ноне која важи за жена со неодолив стас и харизма што освојува на прв поглед, овој пат објави неколку фотографии со кои ги инспирираше дамите за шик летна комбинација.
Таа за оваа пригода избра црно од глава до пети, кое во комбинација со морското синило и нејзината црвена коса беше полн погодок.
Таа со ова свое издание покажа дека и црните парчиња можат да изгледаат мошне с*кси и преку лето, посебно доколку знаете како да ги комбинирате на вистинскиот начин и ако ги носите суптилно, полни со самодоверба и позитивна енергија.
А убавата Ноне на секоја своја фотографија блеска како што овој пат блескаа и нејзините златни обетки, покажувајќи дека женственоста не се крие толку во облеката што ја носите, туку во духот што го негувате.
Па доколку сакате да се чувствувате посебно и полетно во секоја прилика, никако не заборавајте дека најважното нешто со кое што треба да се „вооружите“ не се скапите штикли, ниту пак брендираните чанти и сите останати додатоци, туку вашата бесценета насмевка.
А кога веќе сме кај насмевките, можеби токму таму се крие и магијата со која оваа наша дама зрачи и опива.
Па, животот е убав, посебно кога знаете дека насекаде, па дури и на бескрајата морска шир постојат вакви жени, нели?