Реклама
Наши ѕвезди

Еве како нашите пејачки изгледаа како невести и која од нив ја имаше НАЈУБАВАТА венчаница – третата слика е чиста магија!

Реклама

Искрено се надеваме дека лудилово ќе заврши што поскоро, па повторно ќе можеме да се веселиме како и порано…

Короната го стави целито свет во карантин, па некако веќе сите почнавме да се привикнуваме на она фамозното „ново нормално“ кое со зурли и тапани го најавуваат медиумите од почетокот на епидемијата.

Маркетинг

Но покрај сите тие неубави работи што го одбележаа претходниот период, а се поврзани со црната статистика, оваа година ќе биде запаметена и како година во која се склучија најмалку бракови. Имено, заради епидемијата и мерките што ги носат владите за да ги заштитат граѓаните од ширењето на заразата, свадбите како и другите собири се забранети, така што сите оние кои што планираа да застанат на лудиот камен во изминативе месеци, или го одложија тоа за некое друго подобро време, или едноставно – го направија само со најблиските. Секако дека има и исклучоци, кои и покрај мерките, решија да го одбележат својот најубав ден во животот (сетете се на пример на ромската свадба на која што пееше Цеца Ражнатовиќ во Рим која се случи во текот на ова лето), но во главно ваквите мерки, односно забраната за правење свадби се почитуваше во целиот регион.

И затоа денес решивме да се потсетиме на некои од овие весели моменти кога се славеше како во домовите на нашите познати личности, така и во рестораните каде се лудуваше до зори. Кога сватовите и гостите беа весели, кога се пееше и играше, без да постои страв дека некој некому ќе му го пренесе вирусот, а годините наместо со паника, беа исполнети со љубов. И тоа токму заради тоа што многу парови без проблем можеа да застанат на лудиот камен и пред севишниот да се заколнат на вечна љубов. И потоа да прослават, онака како што тоа се правеше со векови наназад, во духот на традицијата. Па да се потсетиме како тоа изгледаше „некогаш“…

Маркетинг

Симона Поповска

Македонската пејачка Симона Поповска на лудиот камен застана во 2018 и се омажи за Крис Сињори. Тие една година претходно склучија граѓански брак, а на прославата што ја направија во ресторан убавата пејачка се појави во невестински фустан со потписот на младиот македонски дизајнер Златко Јовановски. Таа носеше дводелен модел со специјални материјали, украсен со природни бисери и рачно везени детали, со вел долг 3.50 метри.

Фото: Фејсбук/ Симона Поповска
Фото: Фејсбук/ Симона Поповска
Фото: Фејсбук/ Симона Поповска
Фото: Фејсбук/ Симона Поповска
Фото: Фејсбук/ Симона Поповска
Фото: Фејсбук/ Симона Поповска
Фото: Фејсбук/ Симона Поповска
Фото: Фејсбук/ Симона Поповска

Сузана Гавазова

Сузана Гавазова го изговори своето судбоносно „да“ пред својот избраник Јасмин Курузовиќ на 8 август 2014 година.

Таа блескаше во раскошната венчаница, а на нивната свадба за која долго време се зборуваше пееше кралот на музиката Шабан Шаулиќ. Тие имаат две ќерки на кои гордите родители им ги дадоа имињата Емили и Селена.

Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова
Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова
Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова
Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова
Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова
Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова
Фото: Фејсбук/ Каролина Гочева

Каролина Гочева

Свадбата на една од нашите најпознати пејачки, Каролина Гочева и нејзиниот избраник, сликарот Михаил Корубин, се одржа на пистата на спортскиот аеродром Стенковец пред нивните роднини и пријатели, а меѓу присутните беа и бројни познати личности од Македонија.

Венчаницата што ја носеше пејачката беше со потписот на познатиот италијански дизајнер Ермано Шервино кој ги има красено и страните на модната Библија, Вог. Станува збор за поприлично скапа креација, а Каролина ја носеше во комбинација со високи потпетици од уште еден познат италијански дизајнер, Џанвито Роси.

Фото: Фејсбук/ Каролина Гочева
Фото: Фејсбук/ Каролина Гочева

Но она што некои не го забележаа е дека Каролина, во текот на вечерта се пресоблече и во втор фустан. Станува збор за модел во бела боја со интересен детаљ од тантела во горниот дел, но и со ултра кратка должина со што во преден план беа убавите нозе на невестата, додека целата комбинација беше зачинета со стејтмент високи потпетици.

Елена Ристеска

Елена Ристеска беше во брак со Бојан Ивановски, но за жал тие по некое време се разделија. Бојан потоа повторно се ожени, а како изгледаше пејачката како невеста погледнете во продолжение.

Елена и Бојан

Калиопи

Калиопи и Васил Зафирчев на лудиот камен застанаа во 2004 година, а на нивната свадба беше речиси целата македонска естрада. Тие се венчаа во црвката Света Петка, а црковен кум им беше актерот Дејан Лилиќ, додека сведок во матично, кралицата на ромската песна, Есма. Калиопи и Васил се разделија во 2011 година.

Калиопи и Васил

Во продолжение погледнете ги и пејачките Сани Гроздановска и Татјана Лазаревска како невести.

Сани Гроздановска

Татијана Стефановска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button