Реклама
Наши ѕвезди

Еве како Лила изгледала кога се мажела со Орце – ќе се изненадите, ваква венчаница не сте виделе (фото)

Необична жена, необична венчаница...

Реклама

Осамна фотографија на која нашата позната водителка е во венчаница со која го изговори своето судбоносно „да“.

Впрочем ова не беше единствениот пат кога Лила Филиповска се заколна на вечна љубов во која таа очигледно немаше среќа.

Имено, Лила досега два пати има застанато на лудиот камен, а во една пригода во рамките на своите Инстаграм приказни самата сподели фотографија од свадбата со која сите ги изненади.

Маркетинг

Инстаграм/ Лила Филиповска

Лила која отсекогаш привлекувала внимание со својот изглед и која и се уште важи за една од нашите најубави познати дами, на Инстаграм ги воодушевува сите и со фотографиите што ги објавува.

Маркетинг

Инстаграм/ Лила Филиповска

Па така неодамна имавме прилика да видиме како изгледа без грам шминка, но и стокмена во шик есенско издание.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Познато е дека водителката имал богат љубовен живот и дека досега два пати се има мажено, но не опстана ниту еден од овие бракови.

Таа од еден овие бракови го доби синот Филип на кого неодамна му го прослави роденденот и со кого е мошне поврзана.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Но во една пригода Лила сподели и колаж од фотографии од нејзината свадба со кои дефинитивно сите ги изненади.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Можеме да видиме дека водителката тогаш избрала модерна венчаница, но и дека изгледала мошне занесно и убаво.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Станува збор за нејзиниот втор брак кога судбоносното „да“ му го кажа на пејачот на групата Арија, Орце Димитровски.

Но и овој брак на Лила не траеше долго, па така убавата водителка и пејачот се разделија по само осум месеци.

Фејсбук/ Лила Филиповска

Потсетуваме, Лила која има поприлично бурен љубовен живот и кариера на која можат да и завидуваат многумина, покрај Орце со кого рипна во тавче во несекојдневна венчаница од Сека Радончиќ, беше во брак и со Златки Филиповски од кого го доби синот Филип.

Фејсбук/ Лила Филиповска

И овој брак не траеше долго, а тие се разделија додека нејзиниот син беше уште малечок и тој остана да живее со неа.

А како шармантната Лила изгледаше и како пејачка, кога „пловеше“ во музичките води, потсетете се во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button