Реклама
Вирално

Еве како исчезнуваат нашите иселеници во САД – Македонците брзо стануваат Американци

Реклама

Што се случува со младите Американци со македонско потекло

Нашите сограѓани во Соединетите американски држави ги има се помалку. Не затоа што навистина нема Македонци, туку затоа што веќе по втората или третата генерација се губи коренот и тие стануваат Американци. Секој втор е крстен Мајкл или Џон, нивните деца не го учат нашиот јазик, а на куќите наместо македонско имаат американско знаме.

Маркетинг

Според последниот попис на населението, Македонци во Америка има околу 60.000, но според неофицијалните податоци оваа бројка може да достигне и преку 200.000 (во Австралија има околу 100.000). Според официјалните податоци од пописот во 2011 година, во САД живеат 176.666 Срби, додека Хрватите се најмногубројни од поранешните југословенски републики. Ги има преку 400.000.

Маркетинг

Но како што веќе рековме, нашите сограѓани во САД за многу брзо време стануваат Американци. По втората или третата генерација тие го забораваат и мајчиниот јазик, или одвај го зборуваат, а некои од нив никогаш не биле во Македонија. И тоа треба да не загрижува сите, бидејќи само во последните неколку години според проценките, најмалку 20.000 луѓе годишно ја напуштаат нашата држава.

И овој загрижувачки тренд се уште трае.

Новите генерации Американци со македонско потекло не зборуваат воопшто македонски јазик и не одат во македонска црква. Кога ќе ги прашате од каде се, тие ќе ви кажат дека нивниот прадедо дошол тука, и не знаат од кое место во Македонија се дојдени нивните предци. Тие брзо ги зимаат и американските имиња, а кога ќе добијат американска виза, многу ретко се враќаат во својата татковина. На младите им е многу полесно отколку на постарите кои работеле тешко во фабриките за да опстанат, но бидејќи билетите се уште се скапи, и тие како и нивните прадедовци, ретко кога ќе одлучат да ја посетат Македонија.

Првите македонски имигранти дошле од пограничните региони во северниот дел на Егејска Македонија, првенствено регионите близу Костур, Лерин, и југозападниот дел на Република Македонија, особено околу Битола.

Се проценува дека околу 50.000 Македонци емигрирале во САД помеѓу 1903 и 1906 година, но избувнувањето на Балканските војни и Првата светска војна ги ограничи тие миграции. Околу 20.000 останаа во САД, а остатокот се вратија дома.

Имигрантите беа претежно селани, а остатокот занаетчии, работници и интелектуалци. Имиграцијата продолжи по војните; повеќето од новите имигранти беа Македонци од Грција, од кои многумина биле протерани од Егејска Македонија во 1920 година.

Во 1920-тите и 1930-тите години македонскиот јазик бил забележан во американски пописи.

Околу 50,000-60,000 Македонци емигрирале во Канада и САД на крајот на Втората светска војна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button