Еве како изгледа ќерката на Драгана Мирковиќ, објавена нејзина нова фотографија – ја бараат за манекенка, личи на пејачката!
Ќерката на Драгана Мирковиќ, Мануела, не ја гледаме често во јавноста, а неодамна се појави фотографија од која може да се види дека пораснала во преубава девојка која добива интересни понуди за работа.
За разлика од другите деца на познатите Мануела не сака вооптоп да се експонира во јавноста па нејзини фотографии речиси е невозможно да се пронајдат на социјалните мрежи.
Нејзината мајка редовно објавува фотографии од кои можеме да ја видиме внатрешноста на нивниот семеен дом, но речиси никогаш не и од своите наследници.
Мануела има 19 години, а нејзиниот брат е две години постар од неа. Тие и двајцата не сакаат да се експонираат, па нивните родители ја почитуваат оваа нивна одлука. Но познат е еден интересен настан кој самата пејачка го има раскажано за медиумите во една пригода.
Имено, Драгана во една пригода на една ексклузивна журка во Монте Карло, го сретнала познатиот дизајнер Филип Плејн.
„Беше воодушевен од мојата ќерка Мануела, која е убава и згодна девојка, висока дури 182 сантиметри. Ја праша дали е заинтересирана да се занимава со манекенство, а таа срамежливо одговори дека не размислувала за тоа. Инаку, сите во Монте Карло и приоѓале со предлози да се проба во работата со манекенство бидејќи навистина има предиспозиции за тоа. Но таа ни тогаш ни сега немала таква желба и морам да кажам дека до некаде ми е драго заради тоа. Но дали ќе го смени мислењето, зависи само од неа“.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ