Еве како изгледа станот во кој живее нашата позната фолкерка – секој детаљ уреден со многу љубов
Ова е нејзината оаза на мирот
Пејачката Адријана Ацевска важи за една од омилените фолк-пејачки, а сега откри како изгледа нејзиното „гнездо“.
Имено, Адријана објави неколку фотографии и снимки на својот профил со кои покажа како изгледа станот во кој живее.
Пејачката објави и фотографија направена на своето омилено место каде таа со кафенце се буди и го минува секое утро.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Станува збор за нејзината тераса, во станот во кој што живее, од која се пружа преубав поглед, а како што вели самата пејачка:
„Може нема поглед на море, ама дома си е дома“ напиша Адријана откривајќи како го минува слободното време.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Пејачката со шолја за кафе и испружени нозе ужива во мигот и покажа како си ги полни батериите за своите нови работни предизвици, но истовремено размислува и што наредно да објави.
Па така настана и кратката снимка од која можеме да го видиме и дневниот престој во станот во кој живее, а потоа пејачката сподели и една постара фотографија со која ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Она што се забележува на прв поглед е дека целиот простор е исполнет со светли бои, но и со под во убава дрвена нијанса.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
И масичката што стои до троседот е направена од дрво во истата нијанса, а пејачката покажа и дека го гледаше триумфот на Ноле.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Но по овие објави триумфираше и таа, објавувајќи фотографија на која позира во костим за капење и со која ги воодушеви сите.
Како Адријана изгледаше и во ова свое издание, со „поглед на море“, погледнете од фотографиите во продолжение…