Еве како изгледа сопругот на Живкица Каленикова – водителката никогаш не криела колку го сака
Познатата водителка пријатно го изненади својот сакан
Посебен ден за семејството на нашата позната водителка
Нашата позната водителка Живкица Каленикова е во среќен и хармоничен брак со македонскиот бизнисмен Зоран Калеников.
Нејзиниот партнер иако е познат македонски бизнисмен од светот на автоиндустријата, во медиумите се појавува многу поретко од неговата избраничка, што секако се подразбира ако ја земеме во предвид професијата со која што таа се занимава
Тие од овој брак имаат три деца кои се нивното најголемо богатство, а Живкица понекогаш знае да сподели и по некој приватен момент.
Инстаграм/ Живкица Каленикова
Од овие нејзини објави може да видиме како ова среќно семејство ужива, посебно во моментите кога се сите заедно.
Но водителката сега имаше посебна причина да сподели фотографија на која е со сопругот, но и на овој начин да го изненади.
Инстаграм/ Живкица Каленикова
Таа на овој начин му го честиташе роденденот на саканиот, а фотката открива како тие уживаат во заедничкиот момент.
Принтскрин/ Јутјуб
Потсетуваме, Живкица многумина ја паметат и како водителка на македонското издание на познатиот квиз „Најслабата алка“.
Таа и покрај тоа што во рок од само три и пол години роди три деца, се уште е во топ форма и изгледа одлично.
Инстаграм/ Живкица Каленикова
За својот изглед вели дека им го должи на гените, но и на тоа што редовно вежба. И благодарение на своите тренинзи таа и денес може да си дозволи да биде голем гурман и сака да ужива во најразлична храна, не очигледно тоа не и се познава.