Еве како изгледа сопругата на Мицкоски – кога се заедно ни изгледаат како создадени еден за друг
Многумина не знаат како изгледа сопругата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Нејзиното име е Рози Мицкоска и тие двајцата се како оние парови за кои народот најчесто вели дека „потполно си одговараат“ или како да се „создадени еден за друг“. Кога се заедно изгледаат како складен, прекрасен пар, а од нејзините појавувања во јавноста можеме да забележиме дека е дама со изграден вкус за мода, секогаш со уредна фризура, шминка и убаво облечена од глава до пети.
Најчесто можеме да ја видиме во елегантни фустани и здолништа, во комбинација со високи потпетици и нејзиниот заштитен знак – убавата, руса коса.
Инаку, Рози наскоро ја чека полна раце работа. Во нејзиното семејство покрај Бадник слават и именден на нејзиниот сопруг, кога традиционално, со погачка која е месена дома одат во соборниот храм да кршат лепче
Како што таа самата во една пригода за Вечер изјави, јануари е месец на нејзиното семејство. Покрај Бадник и Именденот на нејзиниот сопруг, тие на 20 јануари го слават Свети Јован, именденот на постариот син, а на 30 – ти – Свети Антониј, кога е именденот на помладиот син.
Инаку Рози по професија е професорка по македонски јазик во гимназијата „Орце Николов“.
Таа е родена струмичанка, а во Скопје живее од 1996 година кога дошла и се запишала на студии. Со нејзиниот сопруг Христијан заедно се уште до студентските денови, а во брачните води запловија во 2005 година.